Македонија

Масовна тепачка на ученици во училиште во Сарај (ВИДЕО)

Дел од присутните само гледаат или снимаат со мобилни телефони, а вознемирувачкото видео се прошири на социјалните мрежи

 

Група ученици од централното основно училиште „Дитурија“ во скопското село Сарај вчера се тепале во училишниот двор, додека дел од присутните само гледаат или снимаат со мобилни телефони.

Снимката, објавена на профилот на „Глас.мк“, прикажува како неколку ученици физички се пресметуваат, додека околу нив стојат други деца, без да интервенираат.

Во моментот не е познато кога точно е снимено видеото, ниту дали училиштето или надлежните институции презеле мерки по инцидентот.

Најнови вести од: Македонија

Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Македонија

Пратениците на Паралментарното Собрание одлучија да го затворат пост-мониторинг дијалогот и да продолжат да ги следат случувањата во земјата преку својот механизам за редовен периодичен преглед

To top