Македонија

Маврово и Ростуше дава по 200 евра за запишување во гимназија

Маврово и Ростуше нуди по 12.000 денари еднократна парична помош за секој ученик запишан во прва година во општинската гимназија

Општина Маврово и Ростуше под мотото „Гради ја иднината во твојот роден крај“ упати порака до завршените деветоодделенци, образованието да го продолжат во средното општинско училиште „Маврово и Ростуше“ во Ростуше.

-Денеска почна уписот во прва година во сите средни училишта во државава, а со тоа и во нашата општина. Пријавувањето е по електронски систем и трае до 15 јуни. Запишете се во општинската гимназија и градете ја иднината во вашиот роден крај. За првпат во учебната 2026/ 2027 година доделуваме 12.000 денари еднократна парична помош за секој запишан ученик во прва година, стои во објавата на Општината.

Се додава дека ќе следува и дополнителна парична поддршка, чиј износ ќе зависи од постигнатиот успех.

-Останете блиску до семејството, учете во модерна средина и подгответе се за глобални успеси- порачуваат од општината потсетувајќи дека второто пријавување од првиот уписен рок е на 16 и 17 овој месец.

Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, во оваа, единствена средношколска установа во општината, во прво година квотата за упис изнесува 34 ученици во една паралелка-гимназиска насока, со настава на македонски јазик.

Поради масовната миграција  бројот на учениците, како во четирите основни училишта, така и во гимназијата од година во година е сè помал.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top