Македонија

Мечка се „прошета“ по битолските улици (ВИДЕО)

Мечката е заштитен вид и нејзиното ловење е строго забрането и според Кривичниот законик, ловењето дивеч под заштита, како што е мечката, се казнува со затворска казна од една до пет години

Жители на Битола снимиле мечка како се движи на улицата „Македонска фаланга“, во близина на градското шеталиште, Под Тумбе Кафе, кај стадионот во Битола.

Граѓаните изразуваат загриженост и повикуваат надлежните институции да преземат мерки за да се избегнат несакани инциденти, а во дел од објавите се повикува и директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола потврдиле дека случајот е пријавен во полиција.

Според член 11 од Законот за дивечот и ловството, мечката е заштитен вид и нејзиното ловење е строго забрането. Дополнително, член 14 од истиот закон трајно ја забранува можноста за лов на мечки, без исклучоци.

Според Кривичниот законик, ловењето дивеч под заштита, како што е мечката, се казнува со затворска казна од една до пет години.

Во врска со “прошетката“ на дивото животно, на социјалните мрежи реагираше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој меѓу другото потсети:

„Деновиве има повеќе пријави до институциите за мечка во атарот на селата Трн, Оптичари, Поешево и Егри, а последната пријава на бројот 112 во Центарот за управување со кризи е од денешните рани утрински часови за мечка видена во околината на градскиот парк во Битола.

Од страна на институциите бев известен дека во тек се со актуелната состојба.
Изминатите години во овој регион исто така имало пријави и случаи каде биле нанесувани материјални штети од мечки кои согласно законите се под трајна заштита“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top