Македонија

Меџити: ДУИ оди по патот на ПДП, а НАИ ќе биде распуштена

Во емисијата „Ајде да зборуваме“ на ТВ21 Изет Меџити, новиот претседател на општина Чаир и еден од лидерите на коалицијата Вреди, изјави дека „поразот во првиот круг на локалните избори за опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција (НАИ) на ДУИ и Али Ахмети претставуваше и загуба на надежта за враќање.“

Изет Меџити посочи дека Националната алијанса за интеграција ќе биде распуштена и оти дека ќе има структурни промени. 

Телевизијата ги наведува неговите покарактеристични искажувања: Според Изет Меџити , во НАИ се надевале дека ќе имаат голем дел од гласачкото тело по заминувањето на Арбен Таравари од Вреди, но ја изгубиле надежта по резултатите од локалните избори.

„Да, почна, бидејќи не го очекував овој резултат во НАИ, особено со заминувањето на Таравари пред шест месеци, мислеа дека имаат 90 отсто од гласачкото тело. Веќе кажав дека лидерите можат да си заминат, но оти членството ќе остане во Вреди. Тоа се докажа и овде. Тие не го очекуваа овој резултат и тоа не е чувство на загуба за нив. Сега е чувство на загуба на надеж. Тие ја изгубија надежта за враќање, или за нешто друго. Затоа, значителен дел од гласачкото тело почна да се движи кон вистинската структура, да се приклучат на Вреди. Постојат комуникации. Очекувам Националната Алијанса за интеграција да се распушти и да има нови движења.“ – посочи Изет Меџити.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top