Македонија

Мерко за речиси 7 милиони денари „го осветлил“ Дрим

На фирма од струшкото село Мислодежда ѝ биле исплатени 6.763.722 денари, а за таа сума е оштетен буџетот на Општина Струга

Основното јавно обвинителство во Струга поднесе уште едно обвинение против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Овој пат, за склучување договор за осветлување на дел од коритото на реката Црн Дрим, без согласност од водостопанската служба од Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Осомничениот, во периодот од 01.04.2021 до 27.06.2022 година, како службено лице, градоначалник на Општина Струга, ги пречекорил границите на своите службени овластувања и склучил договор за осветлување на дел од коритото на реката Црн Дрим, без претходна согласност за обезбедување согласност за управување со водите од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со ова, избраниот изведувач можел да постави опрема за осветлување во речните води во должина од 900 метри од двете страни на речното корито, иако обвинителството презело неколку дејствија во текот на постапката и обезбедило вештачење според кое таквата инсталација за осветлување негативно влијаела врз водниот режим, морфологијата на површината на водата и хидробиолошкиот систем во реката“, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.

За реализација на проектот, на правното лице од струшкото село Мислодежда му се исплатени 6.763.722 денари, а за таа сума е оштетен буџетот на Општина Струга.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Со реконструкција на булеварот „Теодосија Паунов“ во Кочани граѓаните ќе добијат современа сообраќајна артерија

Со инвестиција од 88.9 милиони денари, финансирана од Владата преку Министерството за транспорт, Општина Кочани ја реализира реконструкцијата на булеварот „Теодосија Паунов“, кој опфаќа дел од потегот од спојот со улицата „Киро Кикенски“ до спојот со улицата „Генерал Апостолски“, односно последниот кружен тек. Вкупната должина на булеварот кој е предмет на овој проект изнесува 2.015 метри, објави на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски.

Одбележани 25 години од нападот на полициската станица во Теарце во 2001 и загинувањето на полицаецот Момир Стојановски

Одборот на бранители на Македонија во тетовско Теарце организираше комеморативен собир со цел да се одбележат 25 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски (29) при терористички напад со ракетен фрлач врз полициската станица на 22 јануари 2001-та што се смета за почеток на оружениот конфликт во текот на годината. При нападот тешко ранет беше полицаецот Давор Евросимовски, а со полесни повреди добија Борче Ѓуровски и Јахи Лика.

Четири нови услуги од ФЗОМ достапни на интернет

За физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, потврда за осигурено или неосигурено лице и платен придонес, потврда за исплатен надоместок за плата за време на привремена спреченост од работа

Деспотовски со закана до раководството на СДСМ

Јован Деспотовски, долгогодишен член и поранешен функционер на СДСМ (меѓу другото поранешен потпретседател и директор на ТИРЗ), повторно се огласи на социјалните мрежи со остра реакција кон актуелното раководство на партијата.

To top