Македонија

Мицкоски: Целта на синдикатите не е повисоки плати, туку да ѝ наштетат на Владата, не се борат за работнички права!

Секој има право да протестира, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски во врска со утрешниот протест на дел од синдикалните организации. Тој посочи дека нема ништо против повисоки примања, но смета дека целта на синдикатите е политичка пресметка, а не повисоки плати за работниците.Секој треба да добие повисоки примања, тука нема дилема, ниту пак некој има спротивно мислење, но тоа кое што треба да се каже е фактот дека неколкумина од водството на овој синдикат се апсолутно заробени од страна на одредени политички амбиции и политички фигури, нагласи Мицкоски

– Ги видов барањата, тоа не е нешто кое што е ново. Апсолутно јас сум секогаш за повисоки примања. Секој треба да добие повисоки примања, тука нема дилема, ниту пак некој има спротивно мислење, но тоа кое што треба да се каже и да се погледне на вистината во очи е фактот дека неколкумина што се дел од водството на овој синдикат се апсолутно заробени од страна на одредени политички амбиции и политички фигури. И сето ова кое што таму го прават има таква задача, таква цел. Не е целта тука хумана, па сега они излегуваат и повикуваат на протести за да еве работниците добијат повисоки плати, туку напротив – рече премиерот во интервју на ТВ21.

На прашањето дали смета дека утрешниот повик за протест од Сојузот на синдикатите на Македонија има политичка позадина, Мицкоски рече дека во врска со тоа не треба никој да има дилема. – Апсолутно, зар некој треба да има дилема за протест на синдикатите што е најавуван пред неколку недели, а се случува неколку дена по одржувањето на конгрес на една политичка партија. Мислам дека тука не треба никој да има дилема – рече Мицкоски.

Премиерот вели дека раководството на ССМ смета дека со ваквиот начин ќе направат штета на Владата.

– Не е суштината повисоката плата на работниците, туку мислат дека ќе нанесат штета, бидејќи нивното претседателствување и начин на функционирање во синдикатот е од фамилијарна низа, еден на друг се пренесуваат. Еве погледнете, да речеме родителите на дел од раководството на ССМ, каде биле порано претседатели, на кои синдикати, ќе ви стане јасно како функционира таа структура. Така што, апсолутно не станува збор за никакви права на работниците, не станува збор за што било поврзано со повисоки плати на работниците, туку станува збор за синдикално барање кое е заробено од политиката и одредени политичари од опозицијата – потенцира премиерот.

Тој откри дека по истиот принцип како што од самиот почеток на оваа Влада се потпишаа колективни договори со синдикатот во образованието и во здравството, се зголемија платите во МВР, одбраната и се интервенираше во примањата на вработените во центрите за социјални работи, исто така се воделе и преговори и за зголемување на платите на административните службеници за 8 посто годишно, или реален раст за 40 посто за 4 години, но преговорите со репрезентативните синдикати пропаднале.

– Кога сето ова ќе се анализира, повеќе од 90 проценти од вработените на коишто условно кажано им е работодавач Владата има колективен договор со Владата во период од четири години, заклучно со 2028 година. Зошто 2028 година? Затоа што ние не сакавме да преземаме обврски за денот по нас. Ние сакавме кога ќе заврши мандатот на оваа Влада, до тука. Доколку ние бидеме следна Влада и потоа, тогаш ќе правиме нов колективен договор. И ни остана уште колективниот договор со административните службеници. Тоа се отприлика 7.700-7.800 вработени. Ние понудивме договор. Доаѓаа двата репрезентативни синдикати, односно гранките на тие два репрезентативни синдикати и се договаравме. Нашиот последен предлог којшто го ставивме на маса кој беше, покрај тоа што законски платите мора да се зголемуваат пропорционално на зголемувањето на минималната плата, да се зголемуваат секоја година за плус 8 проценти. Што значи тоа? Тоа значи, да речеме, ако е 100 парички просечната плата на административните службеници, таа се зголемува за минималната плата износот, еве да речеме 2.000 денари или 20 парички. Тогаш ќе биде 120 парички и ова се зголемува за 8 посто и така во 26-та, а истиот принцип и во 27-ма, истиот принцип во 28-ма или тоа би значело за 40% зголемени плати – потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека единствениот услов на Владата се однесувал на делот кај што ги регулира платите во општиот колективен договор потпишан од сегашното раководство на ССМ и поранешната министерка за труд и социјална политика, кој е нејасно напишан и може да се толкува различно.

– Тој договор е истечен. Бидејќи, а сме се согласиле на тие состаноци и со нив дека тој дел е нејасен, може да се толкува и вака и така, да потпишеме колективни договори на ниво на гранка или на институции во коишто ќе кажеме дека тој дел на општиот колективен договор коишто ги регулира платите не важи. И така општиот колективен договор е истечен, за волја на вистината во преодните завршни одредби стои дека, до донесување на новиот и покрај тоа што овој општ колективен договор е истечен, останува во функција. Ние предложивме овој дел што ги регулира платите да речеме не важи, туку ќе важи новиот којшто им го понудивме, а во овие две-три години додека имаме колективен договор, оние беа задоволни од предлогот, беа задоволни од зголемувањето коешто требаше да следи, да преговараме нов општ колективен договор којшто ќе биде потоа некакво продолжение на тоа што сега ќе го договориме, од 2029 па натаму и на тој начин да го унифицираме добивањето на плати во делот на јавната управа. Тоа беше нашиот предлог, значи тие го прифатија ова, но не го прифатија овој дел во којшто ние бараме измена на општиот колективен договор. Зошто? Затоа што тука некој беше политички заробен, односно сакаше да нанесе штета. Ова треба да го слушнат сите административни службеници, дека ние како Влада ова го нудиме и е на маса – потенцираше Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

Азески во Битола: Фокус на инфраструктурата како клуч за развој на регионот

Битолскиот регион има околу 5.000 правни субјекти и учествува со 9 до 10 проценти во бруто домашниот производ на државата, што ја потврдува неговата значајна улога во националната економија.

Храната глобално поскапува поради конфликтот на Блискиот Исток

Глобалните цени на храната забележаа раст во март, поттикнати главно од поскапувањето на енергенсите, кое е резултат на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.

Во притвор оди битолчанецот (31), уапсен оти од април 2024 до април 2026 набавувал и поседувал материјали со детска порнографија!

Основниот суд Битола го прифати предлогот за притвор за осомничениот битолчанец вработен во образовна установа осомничен за детска порнографија во случајот кој е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, соопштуваат од Јавното обвинителство на Република Македонија. Случајот е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, што произлегол од акција предводена од Австралиската федерална полиција.

Повторно во функција обвинителот Цветаноски, суспендиран поради милионските бонуси во СЈО: Новата комисија многу посериозно да ги земе предвид моите наводи!

Јавниот обвинител Јован Цветановски повторно ја извршува својата функција во Вишото јавно обвинителство Скопје, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија поради утврдени пропусти во постапувањето на дисциплинска комисија. Истовремено, Советот одлучи дисциплинскиот предмет против него да се врати на повторно разгледување. Јован Цветановски беше ангажиран на предметот за бонусите исплатени во поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО). Цветановски беше суспендиран и тврдеше дека суспензијата е резултат на притисоци и обид за дискредитација, бидејќи одбил да донесе „незаконска одлука“ за бонусите. Тој изјави дека врз него се вршени притисоци од други обвинители и дека суспензијата е дел од политички мотивирана хајка.

ВМРО-ДПМНЕ: Нека не глуми жртва Ристоска, играчот и пиун на СДС, која беспоговорно реализираше агенди на Заев и други чинители!

„Ѝ порачуваме на Ленче Ристоска десната рака на Катица Јанева за која многумина веројатно оправдано сметаат дека беспоговорно реализираше агенди на Заев и други фактори, да не глуми жртва. Додека со Јанева делеа и множеа, и палеа и гасеа, и додека одеа по облаци, каде едната од нив во раката имаше ташна од Луј Витон, и откако после повеќе од 10 години таа не заврши ниеден од споменатите случаи, кокетирајќи со кого ќе и дојде на ум, праќајќи абери и до ВМРО-ДПМНЕ, сега сфаќа дека правда во оваа држава ќе има, и мора да има, без разлика дали на Заев му се допаѓа тоа или не. И без разлика на нејзината лојалност кон било кого.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ кон сега веќе поранешната обвинителска Ленче Ристоска, која поднесе оставка на оваа функција.

To top