Македонија

Мицкоски до ДУИ: Не сум албанофоб, туку криминалофоб

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им порача на „зелените“ дека нема проблем со етничката припадност на криминалците

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски од предизборниот митинг во Неготино одговори на прозивките од Демократската унија за интеграција, од кадешто го обвинуваат за албанофобија.

„На секој митинг ги слушам од раководството на ДУИ како ме нарекуваат ваков, таков, споменуваат орли, зајци, за на крајот да ме наречат албанофоб. Јас не сум албанофоб, ниту ксенофоб, ниту имам проблем со етничката оприпадност на кој било мој сограѓанин во нашата заедничка татковина Македонија. Но, да, јас сум криминалофоб и ги презирам политичките криминалци коишто во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери и сега мислат дека ќе играат на етничка карта и народот ќе заборави што правеа 20 години кога градеа дворци, кога купуваа трговски центри, скапи деловни прстории во центарот на Скопје, автомобили ‘мајбах’ и што уште не на грбот на народот. Е јас сум криминалофоб и ќе одговарате од прв до последен за криминалот што го направивте“, порача Мицкоски од Неготино.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top