Македонија

Мицкоски: ДУИ ако не е на власт зборува за етничка поларизација, тезата им е погрешна

Кога беа на власт имаше само многу криминал

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на самиот почеток ги отфрли сите обвинувања за етничка нееднаквост од страна на ДУИ и истакна дека ДУИ означува криминал, неспособност и корупција, како и дека тезите се неконструктивни со што приложи докази за финансиската поддршка од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кон општините кои ги предводат градоначалници токму од ДУИ.

„Нивната улога во Владата значи многу криминал, многу неработа, многу неспособност, многу корупција, и сега тие ставаат знак на еднаквост помеѓу сите овие епитети коишто го има нивното учество во Владата и етничката поларизација, доколку тие не се тогаш тоа било етничка поларизација, мислам дека таа теза им е погрешна. Еве на пример да речеме ако ги гледаме бројките ќе го споменам Кичево. Кичево градоначалник е Фатмир Дехари од ДУИ, во првиот повик скоро 56 милиони денари, проекти финансирани од оваа Влада, во вториот повик скоро 330 милиони денари, или вкупно 385 милиони денари за 16 проекти, тоа е повеќе од 6 милиони евра. Струга на пример, градоначалник е од ДУИ господинот Рамиз Мерко којшто е на листата на санкции на САД, во првиот повик има еден проект којшто е околу 135 милиони денари, вториот повик има 5 проекти вредни 307 милиони денари или вкупно 443 милиони денари. Сарај, во вториот повик имаме 5 проекти од близу 320 милиони денари, коишто оваа Влада ги обезбедила за општина во којашто градоначалник е од редовите на ДУИ“, објасни претседателот Мицкоски.

Мицкоски исто така направи јасна дистинкција за време на владеењето на СДС и ДУИ кои не финансирале ниту еден проект во општините каде што се градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку одиме назад и доколку ги анализираме првите три години на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ дали некој од нив ќе се сети на проект којшто е финансиран од владата на СДС и ДУИ, одговорот е ни еден. Повеќе од 40 општини не добија буквално ниту еден проект којшто го финансираше таа влада. Јас навистина ги отфрлам како неконструктивни и пораки коишто припаѓаат на минатиот век, навистина жалам што нереформираното, криминално и коруптивно ДУИ сè уште живее во тие години, и уште мисли дека со таков тип на пораки ќе придобие симпатии во јавноста мислејќи дека ако се радикализира, мислам дека грешат и тоа ќе го видат на локалните избори коишто ќе се случат за помалку од два месеци“, дециден е претседателот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар во Штип

Зголемен е бројот на пациенти со мозочен удар во Штипската болница. Одделот за неврологија е скоро целосно пополнет. Зголемен е бројот на пациенти со стомачни проблеми, вртоглавици, колапси и варирање на крвниот притисок во лекарските ординации…

To top