Македонија

Мицкоски: Филипче, Ахмети и Апасиев се осојузиле поради слепата желба за власт

И омразата кон ВМРО-ДПМНЕ

Локалните избори се секогаш можност да зборуваме за локални проблеми. Најчесто граѓаните ги интересираат проблеми кои се од најтесниот нивен интерес – патчето, улицата, булеварот, паркот, училиштето, градинката. Тоа е природно и нормално да биде интерес на граѓаните за локалните избори.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на народниот митинг во Долнени, кој посочи дека на локалните избори треба да се испрати и политичка порака.

-На овие избори имаме две опции, две понуди. Едната е коалицијата која е создадена на основа на непринципиелни релации од коалиционите партнери, врз основа на слепата желба за власт, слепата желба за привилегии, но истовремено главната точка на поврзување на овие политички партии во таа коалиција е гневот и омразата кои тие ги имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата меѓу СДСМ, ДУИ и Левица. Венко Филипче, Али Ахмети и Димче Апасиев се осојузиле поради слепата желба за власт и гневот и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Тој на граѓаните им посочи дека втората опција е коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски посочи дека коалицијата на СДС-ДУИ, 7 години ја уназадуваа државата додека ВМРО-ДПМНЕ изминатите 15 месеци ги гради темелите на државата и се бори за подобра иднина на граѓаните.

„Првата е коалиција да се вратиме назад во времето кога се ограбуваше државата која се ограбуваше народот буквално, кога се живееше на товар на народот и државата кога истата се распродаваше се засрамуваше. И Втората коалиција којашто е ВМРО-ДПМНЕ којашто живее заедно со народот за државата за Македонија којашто живее за иднината на граѓаните и Македонија и којашто овие 15 месеци секој ден, буквално секој ден 7 дена во неделата работеше по 15 часа на ден за да може да се исправи сето она што претходно беше погрешно направено од коалицијата СДС ДУИ. 15 месеци бевме буквално посветени на зајакнување на темелите коишто беа разурнати. Неисплатени плати, неисплатени субвенции. Целта на овие партии е само да се доберат до фотелјите и потоа да продолжат да ја уништуваат оваа наша заедничка татковина Македонија“ истакна Мицкоски.

Мицкоски повика на 19 октомври граѓаните да гласаат за бројот 9 за поквалитетен живот, за напредок и развој на државата.

„Ве повикувам сите да излезете на 19 октомври да го заокружете бројот 9 да гласате за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата затоа што само така може да зборуваме за иднина, за развој на општините и Македонија“ заклучи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Вреди до Ветвендосје и Курти: На изборите на Косово постигнавте победа на вредностите, што нѐ обединуваат како Албанци каде и да сме

Коалицијата Вреди им упати честитка на партијата Ветвендосје (Самоопределување) и на неговиот лидер и премиер на Косово Албин Курти за „плебисцитната победа на изборите во Косово“, која, како што се наведува, „не е само во обични бројки, туку е и морална, историска и национална победа.“

Бејта: Тендер за бекатон плочки – 10 пати повисока цена од реалната

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од коалицијата ВРЕДИ, Невзат Бејта, на прес-конференција одржана денеска го обвини претходното општинско раководство за злоупотреба на 450 илјади евра во јавни набавки.

Владата ќе го поддржи секој договор меѓу работодавачите и работниците за минималната плата

„Нам како на нас како Влада ни одговара зголемување на минималната плата, бидејќи ќе имаме поголеми приходи во буџетот. Ние сме работодавач на 100 илјади вработени, а државата има 705 илјади  вработени. Значи тие 600 илјади ќе дојдат кај нас. Ако гледаме себично, тогаш можеме да кажеме од утре да се зголеми, но ние сме Влада, која во рамки на социјалниот дијалог посредува меѓу работодавачите и работниците. Ни е како Влада ќе го поддржиме секој договор, што ќе го постигнат. “ – нагласи премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Најнови вести

To top