Македонија

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ниту мразат некого, ниту пак се албанофоби

Османи и ДУИ во пресрет на дебакалот кој ќе им се случи на претстојните локални избори, за да добие медиумско влијание, повторно креваат прашина во јавноста, со ширење на етнонационализам и лаги помеѓу граѓаните.

 

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ниту мразат некого, ниту пак се албанофоби. Тоа можат единствено да бидат тие од ДУИ, кои по се изгледа не си го сакаат народот“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на кандидатот за градоначалник на Чаир и екс-минстер за надворешни, Бујар Османи за „албанофобија.

„Доколку Османи и ДУИ си го сакаат народот, немаше да потпишуваат капитулантски договори со Бугарија и Грција, немаше да гласаат за промена на името и Уставот, немаше да играат фудбалчиња по министерства, немаше млади момчиња да купуваат молови по центарот на градот.

Доколку Османи и ДУИ си го сакаат народот, како што велат, немаше низ Арачиново, Боговиње, Долнени, Кичево, Липково, Пласница, Струга, Теарце, Сарај, жителите да газат низ кал, да нема водовод, канализација, основни човекови услови за живот.

Сметаме дека Османи и ДУИ, пред да излезат да говорат беседи пред јавноста, треба прво самите да се погледнат во огледало“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top