Македонија

Мицкоски: Излеговме со конкретни проекти, а СДСМ со црна кампања и лаги

Очекува убедлива победа

Не е тајна дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ на сите анкети има убедлива предност, во однос на нашиот политички противник, во случајов СДСМ“, вели Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Мицкоски смета дека 45-50 од кандидатите за градоначалници низ општините, ќе бидат градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-На овие избори би се задржал на оние прогнози кои што ги имавме пред да почне кампањата и чувствувам дека довербата кај граѓаните е таа која што ја имаме, и чувствувам дека бројките ќе бидат тие кои што ги кажав. Тоа е очекувана варијанта. Има и оптимистичка варијанта, која што дел од моите соработници ме убедуваат дека ќе се случи дека ќе бидеме над 50 градоначалници, но еве би се задржал до онаа моја проценка помеѓу 45-50 градоначалници, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски истакна дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ за овие локални избори е со јасно дефинирани цели и проекти, додека опозициската СДСМ уште од првиот ден води црна кампања.

-Таа понуда која што ја презентиравме на овие избори е со јасно дефинирани цели со проекти со термини, вредности итн. Од другата страна имавме исклучиво негативна и црна кампања, ad hominem напади, ниски страсти итн. Јас ниту во еден момент не навредив во оваа кампања никого, а за себе читав би било штосно во оваа кампања да ме најдат на парчиња спакуван во оној куфер што го најдоа во близината на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, за којшто постоеше основано сомневање бидејќи имаше пријава за подметната бомба. Тоа е од новинар кој што важи близок до СДСМ, кое што ова раководство и одредени веб портали блиски до СДСМ го цитираат и го објавуваат. Вие да кажете дека не ме мразите туку ме презирате, што би требало да е ниво над мразење, навистина чудна некоја реторика, не личи на човек кој што е редовен професор, посочи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Макрадули по исклучувањето на Шилегов: Партијата не е за тивко климање со глава

Поранешниот функционер на СДСМ и некогашен министер, Јани Макрадули, се огласи по исклучувањето на Петре Шилегов од партијата и отворениот судир во редовите на СДСМ, повикувајќи на разум, зрелост и внатрешен дијалог наместо на поделби и раслојување.

Од Англија до кланица: Ѓурчевски за коњската идеја на Фрчковски (ВИДЕО)

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски, во гостувањето во емисијата „Претрес со Ландов“ изнесе остри критики за одлуките во полицијата од 90-тите години, со посебен фокус на времето кога министер за внатрешни работи беше Љубомир Фрчковски.

Собранието денеска треба да избере нов државен јавен обвинител

Ненад Савевски, кој во моментов е судија во Основниот кривичен суд Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, по спроведената постапка во која се пријавија петмина кандидати. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски

To top