Македонија

Мицкоски: Масовно и обединето да дадеме поддршка за Лабудовиќ и Ѓорѓиевски

За повеќе проекти и подобар живот во Центар и Скопје

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, даде изјава за медиуми од општина Центар и упати јасен и недвосмислен повик до жителите на општина Центар да излезат масовно на гласање во вториот круг од локалните избори и да ја дадат својата поддршка за кандидатот Мирослав Лабудовиќ за градоначалник на општина Центар, како и за Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Тој посочи дека со победата на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обезбеди целосна вертикална поддршка од страна на Владата до општините со што ќе овозможи реализација на повеќе проекти во интерес на граѓаните.

-На тој начин, заедно со поддршката од Владата, една вертикална поддршка, ќе можеме да направиме проект повеќе за центарци, за жителите на општина Центар, и сигурен сум дека ќе имаме ефикасна соработка, бидејќи досега како Влада, изминативе 16 месеци, еднонасочна беше соработката, само од страна на Владата, вели Мицкоски.

Претседателот Мицкоски ги повика граѓаните обединето да излезат на гласање и да го заокружат бројот 9, да го направат вистинскиот избор за сигурна иднина и развој на општина Центар и град Скопје.

-Убеден сум дека после овие локални избори, после вториот круг, Центар ќе има нов градоначалник, тоа ќе биде Лабудовиќ, а Скопје ќе има нов градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, истакна Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ако ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја отсликува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза.

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top