Македонија

Мицкоски: Народот ги памети триковите и предавствата на СДС

Ги паметиме сите нивни изјави од минатото, нивните предавства, нивните лаги

И додека ние се бориме за чесна и успешна Македонија, гледаме за што се борат нашите противници. Гледаме дека нашите противници повторно се обидуваат со трикови и празни декларации да го измамат народот. Најавуваат некакви „црвени линии“ за Бугарија, но во суштина знаеме што вредат и колку вредат и колку траат нивните декларации. Но она што уште не можам да разберам е на кого му праќаат сигнал? На кого се заложници? До кога ќе трае нивниот аранжман?, посочи Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на промоцијата на кандидати за градоначалници која се одржа во Штип.

„Народот не е наивен. Народот добро ги памети. Ги паметиме сите нивни изјави од минатото, нивните предавства, нивните лаги. И токму затоа, овој пат ќе има казна уште поголема казна на овие избори споредено со претходните“, изјави Мицкоски.

Според Мицкоски, нивните црвени линии како што вели „вакви или такви, препознатливи или непрепознатливи нема да дозволам да се црвени линии кои ќе отсликаат контури на ново предавство во иднина, ако им се дозволи да го реализираат нивниот план“.

Мицкоски укажа дека логично се поставуваат прашања како зошто пред избори оваа тема ја наметнуваат, за кого работат, до кога ќе им трае ангажманот.

„Повторувам и не знам и се чудам на што се надеваат, до кого го испраќаат овој сигнал. Но нашиот народ покажал низ вековите дека е мудар, добро памети до пред само една година каква власт имаше СДСМ и ДУИ и што направи. Ги памети и оние траги-комични изјави за македонската жица која свири во душата на нивниот поранешен премиер и сегашен гуру, ги памети и изјавите дека Уставот нема да се менува и ветувањата кои ги даваше додека сите овие сега кои се во раководството му ракоплескаа. Сега таа иста екипа нуди резолуција која и самите знаеме дека и таква каква што е нема да ја почитуваат“, заклучи Мицкоски.

Мицкоски заклучи поради оваа ароганција и поради многу други работи таа партија и тие луѓе мора жестоко да се казнат на овие избори.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Ленче Ристоска да не глуми и да не лобира кај наши функционери, поминаа времињата на СЈО!

„Ленче Ристоска која е навикната на подобноста од времето на Специјалното јавно обвинителство, мора да знае дека ова се други времиња и потребни се лица со интегритет, професионалност и одговорност да извршуваат функција на државен јавен обвинител.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување, бидејќи стариот не личи на закон

„Помилувањето никогаш не треба да се води од казната што е одредена и од природата на делото, туку да го мери и да го оценува процесот на ресоцијализација на институцијата. Сите луѓе, па и кога ќе направат големи грешки во животот и ќе се најдат изолирани, имаат право на втора шанса. Впрочем, денес трендот во ресоцијализацијата оди рака под рака со осовременувањето и очовечувањето на условите во затворите.“ – истакна денеска претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во воведното излагање на научно-стручната расправа по предлог-законот за помилување на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Народната банка одбележува 80 години институционализирано централнобанкарско работење

Значаен јубилеј што сведочи за долгорочен, динамичен и одговорен институционален развој, обележан со постојани трансформации и приспособувања кон економските и општествените промени

To top