Македонија

Мицкоски: Народот покажа дека „Македонија е повторно твоја“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва заминува за Брвеница и Кичево, за да биде со народот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во победничкиот говор по вториот круг од изборите за градоначалници во Македонија му се заблагодари на народот за „заедничката победа“.

„Голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ако некој се сомневаше, народот покажа дека Македонија е повторно твоја. Благодарам мој народе. Ова е заедничка победа, победа на верата, на надежта, на напатениот народ и неговите соништа за кои се бориме. Вечерва Македонија повторно покажа зрелост.

Победивме во Скопје, Карпош, Аеродром, Чучер-Сандево, Брвеница, Валандово, Дојран, Крушево, Кочани, Лозово, Могила, Македонски Брод, Росоман, Ранковце, Неготино, Чешиново-Облешево, Дебарца, Конче, Демир Капија, Виница…

Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против раскалашеноста и недомаќинското работење. Таму соработувавме различни вери, припадности, против оние кои го влечеа градот надолу. Оца ја отвора вратата на обединување на Македонците, Албанците, Турците итн. христијаните и муслиманите. Победи соживотот и вербата во заедништвото. Пример колку можеме да постигнеме кога сме обединети. Драги кичевчани, во периодот што следува Кичево мора да биде во владиниот фокус. Падна митот дека Кичево е нивно или наше. Кичево е на кичевчани. Таа победа не е само локална, туку и симболична. Таа покажува дека народот е поголем од политиката.

Вечерва заминувам за Брвеница и Кичево, таму ќе бидам со народот. од утре продолжуваме со уште поголема одговорност. Утре рано наутро заминуваме за Брисел. Народот го направи вистинскиот избор – ви благодарам!

Да живее и Бог да ја благослови Македонија!“, рече Мицкоски.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top