Македонија

Мицкоски: Нашата борба не е само за избори, туку и за душата на Македонија, за држава, што ќе нè спои, а не да нè дели

„Моментот, што го чекале генерации, е пред нас, време е за ресет на системот, време е да ги скршиме веригите на неправдата и да изградиме држава на правда, слобода и грижа за секого. Оваа наша борба не е само за избори – ова е борба за душата на Македонија. За држава што ќе нè спои, а не ќе нè дели. За иднина, во која никој нема да биде поважен од другиот и во која секој ќе има еднаква можност да успее.“ – порача од синоќешниот митинг во Тетово претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На синоќешниот митинг во Тетово во рамките на изборната кампања за локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ партискиот лидер Христијан Мицкоски му обрати на Али Ахмети од ДУИ и му порача дека нивните политики ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици¸-Албанци. Мицкоски рече дека нема да му одговара на Али Ахмети со неговата реторика.

Иако тој го сака тоа, моли да му одговорам на неговиот националромантичарски говор, јас нема да му кажувам на народот басни, туку реалност. Ќе прочитам факти за неговото 20-годишно владеење. Додека тој говори за приказни, јас говорам за сурова реалноста. За една деценија има 27 илјади помалку ученици во Македонија. Работата на ДУИ значи 200 ученици да има помалку во второто полугодие во школите во Тетово во 2023 година. Во Општина Гостивар – побарани исписници од училиште поради иселување се за 200 ученици во основно и средно образование во 2023 година. Пад на население гледано низ млади ученици кои ја напуштиле државата поради иселување изгледа вака Арачиново -14 отсто, Липково – 40 отсто, Теарце – 37 отсто, Тетово – 18 отсто, Боговиње – 37 отсто, Желино -28 отсто, Врапчиште – 32 отсто, Гостивар – 35 отсто, Кичево – 36 отсто, Струга – 32 отсто. Ова е суровата реалност, што ја донесоа Али и неговото учество повеќе од две децении во Владата.“ – посочи Христијан Мицкоски.

Тој се осврна и на правдата, за која рече дека треба да биде право на секој граѓанин, а не привилегија на малкумина. Според Мицкоски, на Македонија ѝ треба ресет на системот.

Моментот, што го чекале генерации, е пред нас, време е за ресет на системот, време е да ги скршиме веригите на неправдата и да изградиме држава на правда, слобода и грижа за секого. Судството мора да биде непристрасно и непокорливо, со судии, кои судат според закон, а не според влијание,  со институции кои штитат, а не што молчат, со процедури кои враќаат доверба, а не создаваат сомнеж.“ – рече Мицкоски.

Пред присутните се обрати и Бранислав Светозаревиќ носител на листата со кандидати за советници за Општина Тетово. Тој рече дека идниот состав на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ во Тетово, поддржана од Владата, е насочен кон решавање на најгорливите прашања на општината.

Еден од најголемите приоритети е квалитетот на живеењето на граѓаните, па покрај патната инфраструктура ќе се насочиме кон многу почиста средина, од ова што денес го имаме, преку најразлични решенија за решавање на сообраќајниот хаос, поефикасен и бесплатен јавен превоз, поефикасно решавање на проблемот со градскиот смет, претоварна станица и селекција на отпад, обновување на водоводната мрежа, нов градски парк.“ – рече Светозаревиќ.

Тој потенцираше дека за младите ќе се формира и дигитален центар, и дека со трудољубивост и многу работа општина Тетово ќе стане подобро место за живеење за сите граѓани.

-За младите Младински културен центар, потоа Центар за знаење и практични вештини, Бизнис инкубатор, формирање на дигитален центар, во кои ќе се собираат  ученици и студенти кои работат на дигитални решенија. Затоа ви ветувам дека заедно со овие прекрасни луѓе од листата на советници на ВМРО ДПМНЕ ќе дадеме сѐ од себе, свесни на предизвиците и реалните проблеми со кои ќе се соочуваме, дека посветено ќе работиме на нашите планови и заедно со нашите коалициони партнери и поддршката на Владата и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски, ќе успееме нашето Тетово и нашата општина да бидат подостоинствено место за живеење на сите граѓани во нив, дециден е Светозаревиќ.

 Пред митингот во Тетово ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата одржаа средби со граѓани и митинзи во Маврово – Ростуше и Гостивар.

Македонска информативна агенција – МИА 

Најнови вести од: Македонија

ИНА: Таравари и Ле Риголер потврдија дека само спроведувањето на преговарачката рамка и уставните амандмани е пат кон преговорите со ЕУ

„Еден од лидерите на коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) и претседател на Алијансата за Албанците Арбен Таравари вчера, на 17 ноември 2025 година одржа многу важна и продуктивна средба со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер во француската амбасада.“ – објави информаивната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

Алиу: Одлуката за можна ротација на министерските ресори ќе зависи од лидерите на политичките партии

„Прашањето дали Вреди ќе добие еден член повеќе, или ќе остане со шестмина во Владата, е  дел од преговорите меѓу владините партнери.“ – истакна Азир Алиу, министерот за здравство од крилото на Алијансата на Албанците, што остана во Владата, вечерва во интервју за „360 степени“ на Првата програма на Македонската радиотелевизија.

Советникот од Карпош на СДСМ Радослав Трошановски, повеќе нема да е член на партијата

Нов претседател на Советот на Општина Карпош е Христо Саракинов од ВМРО-ДПМНЕ. Неговиот избор беше помогнат со гласовите на по еден советник од ГРОМ и од СДСМ, Зоран Краљевски и Радослав Трошановски.

Силниот ветер спречи два авиона да слетаат во Скопје, пренасочени се кон Приштина

Поради временските услови, два авиони не можеле да слетаат и во моментов кружат над градот додека чекаат нови инструкции. Дополнително, уште два лета биле пренасочени кон аеродромот во Приштина. Како што информираат од ДЗС, ветерот е најсилен на поголема височина, што го прави слетувањето небезбедно и го отежнува приодот на авионите кон скопскиот аеродром.

To top