Македонија

Мицкоски: Никогаш нема да попуштаме кога се во прашање интересите на Македонија

Замислете ситуација, додаде премиерот, да настапуваме единствено, а опозицијата да е таа што ќе нè притиска и храбри да ги чуваме црвените линии

„Во денешно време се соочуваме со поинакви предизвици, но со подеднакво значење за иднината на нашата држава и народ. Како претседател на Владата, свесен сум за секој еден од нив, и покрај сите нив, еден од најважните е битката за стандардот и подобриот живот. Тоа е она што го бара и што му е потребно на народот. И битката за Европската Унија треба да се гледа низ поривот за подобар живот и стандарди, и затоа таа наша цел, и покрај сите удари и пречки, остана патот што сакаме да го изодиме“.

Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски во денешниот говор по повод празникот 23 Октомври.

-И овој пат е наше природно право, и иако многу пати откажувањата што ги направивме не беа достоинствени, не беа фер, народот со разочарување и со кнедла во грлото ги прифаќаше. Не е едно, не се две, туку тоа полека станува непринципиелен начин на однесување. Во контекст на последните барања, кои што се наша пречка, а тоа се уставните измени, главното прашање што се наметнува е: што добиваме ние од тоа, и дали конечно е ова крајот? И дали е фер? Секој наш следен потег мора да биде низ призмата на одговорот на овие прашања и заштитата и обезбедување, прво на  гаранции дека ова ќе биде последното, и дека ќе добиеме нешто опипливо и предвидливо- важно за државата и граѓаните, а потоа и нашиот источен сосед да покаже европски вредности и на ист начин да одговори за македонската заедница во Бугарија.
Затоа што нашата определба за Европската Унија ја докажавме преку многу одрекувања, многу жртви, дури и по цена на сопствена штета. И никој нема право да каже дека не дадовме жртва и не плативме прескапа цена за она што го сакаме- членка на Европската Унија. Но, како и во историјата, така и денес, секогаш ќе има луѓе и страни кои се подготвени да дадат повеќе, да прифатат повеќе, рече Мицкоски.

Оцени дека во таа смисла, нашата опозиција е подготвена да прифати многу повеќе, но и да отстапи и даде многу повеќе.

-Затоа што таквата трговија со нашето, со заедничкото, за нив претставува картата со која сакаат да дојдат и да останат во политичкиот живот- не размислувајќи за штетата што ја прават, не само на себе, туку и на целата држава и сите идни поколенија. Јас сум беспрекорно свесен дека во остварувањето на таквите намери единствена пречка е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Но таа улога мораме свесно да ја носиме на плеќи заради нашиот народ, нашата татковина- дека никогаш нема да попуштаме кога се во прашање интересите за нашиот македонски идентитет и нашата држава Македонија, порача тој.

Мицкоски понатаму рече:

„Замислете ситуација да настапуваме единствено, а опозицијата да е таа што ќе нè притиска и храбри да ги чуваме црвените линии, околу кои нема да се создаваат облаци и прашини за куферчиња, поклони за источниот сосед и приказни за бизниси какви има сега. А, токму таквото нивно досегашно однесување ги закотви и закова на третото, четвртото место по поддршка- станувајќи спореден играч на политичката сцена овде дома, кај нас. Кога сме кај дневнополитичките прашања, сакам да се осврнам на неколку теми. Локалните избори од првиот круг, изразени низ освоените градоначалнички и советнички места, ја докажаа доминантната улога и поддршка што ја има ВМРО-ДПМНЕ. И ова докажува дека народот има надеж и очекувања кои нема да ги разочараме ниту изневериме“.

Најнови вести од: Македонија

Бебе почина в болница – телото дадено на обдукција

Министерството за здравство соопшти дека наложило Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши инспекциски надзор во Општата болница во Кавадарци во врска со случајот со починатото новороденче. Од болницата денеска соопштија дека бебето со иницијали У. М., на возраст од два месеца, кај нив било примено поради обилно повраќање по хранење.

Кои телевизии го прекршиле изборниот молк на повторените локални избори?!

Се огласи АВМУ со официјална потврда дека четири национални медиуми ги прекршиле законските одредби за време на изборниот молк за повторените локални избори. Прекршувањата се случиле на 10 јануари, ден пред гласањето во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа.

(Фото): Министерството за одбрана ги објави сумите – Колкави се платите на војниците?!

Според податоците на МО, просечната основна плата на еден професионален војник изнесува 35.700 денари, додека на полковник е околу 70.200 денари. На овие суми се додаваат дополнителни 23.000 денари за закупнина, храна и превоз, како и додатоци за дежурства и ноќна работа.

Дали пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести?!

Институтот ги повикува работодавачите, особено во угостителството, да ја поддржат примената на законот како мерка за безбедност при работа, а не како „казна“; работниците да го препознаат правото на чист воздух како дел од правото на безбедно работно место; инспекциските и надлежните органи да обезбедат доследна примена, затоа што само така законот ќе ја исполни својата цел.

Аларм: Речиси секој втор Македонец пуши цигари, односно околу 45% од населението

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, истакна дека секој закон кој е во насока на заштита на добросостојбата на граѓаните заслужува поддршка. Повод за неговите изјави беше прашањето дали се планира состанок со претставниците на угостителската дејност во врска со најавениот закон против пушење.

Самсунг (Samsung) ја носи апликацијата “Fender Play“ на почетниот екран на “Samsung” телевизорите

Партнерството ја испорачува првата во свет “Fender Play“ целосно онлајн апликација оптимизирана за телевизори, за учење на свирење на гитара, бас и укулеле, ексклузивно на “Samsung“ телевизорите

To top