Македонија

Мицкоски: Обезбедени пари за 150 електрични автобуси, за Скопје 100 – многу ќе се намали аерозагаденоста

На владина седница донесовме одлука, во рамки на влада со влада договорот кој го имаме со Унгарија. Дел ќе биде кредит од исти услови како претходниот, три години грејс период , дополнителни 12 години отплата со истата каматна стапка, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за набавката на новите 150 електрични автобуси.

Премиерот додаде дека Градот Скопје во претходна анкета побарал 250 автобуси, а ќе добие 100 со 50 полначи. Останатите општини кои имаат организиран градски превоз побарале 89 автобуси, а ќе добијат 50 со 25 полначи.

Мицкоски на вчерашната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека со набавката на 150 електрични автобуси за Скопје и општините со организиран јавен превоз, како и со другите проекти за Скопје како Градски воз, БРТ и когенерацијата драстично ќе се намали аерозагадувањето.

– Она кое што можеме ние како влада да го направиме е да обезбедиме транспорт за општините, онаму каде има организиран, којшто ќе биде еколошки. И токму таа е целта на набавка на овие 150 еколошки автобуси коишто се на електричен погон, користат исклучиво енергетско напојување кое за животната средина нема штетно влијание. Постапката е веќе почната, средствата ќе ги обезбедиме од стратешкото партнерство со Унгарија, во најголем дел, а помал дел обезбедени од буџет под услови подеднакво добри како што претходно беше и оној прв договор за кредитно задолжување со Унгарија, појасни премиерот од собраниската говорница.

Најнови вести од: Македонија

Љутков до Синдикатот на културните работници: Избравте судир и создавање на криза

Евентуално поништување на Колективниот договор, ќе биде неизбежна последица на долготрајниот застој, систематското одбивање за дијалог и институционален притисок од страна на раководството на СКРМ, смета министерот

Мицкоски: Пораката на Велигден нè повикува да се издигнеме духовно и да ги надминеме сите поделби

Во овие времиња на предизвици, како што вели премиерот „сите ние сме повикани да си подадеме рака, да застанеме рамо до рамо и заеднички да го градиме нашиот единствен дом – Македонија“.

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед за Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници од католичка вероисповед.

To top