Македонија

Мицкоски: Направете вистински избор за иднината, Македонија беше пред банкрот и распад, но ќе успее со сѐ што правиме и со овој народ!

„Од СДСМ нѐ убедуваат дека криминалот е вредност, распродажбата на националните интереси е патриотски чин, а оти осиромашувањето на народот е успех!“. – нагласи премиерот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Куманово.

Пред 15 месеци наследивме држава пред банкрот, речиси распадната после се она што го правиме и се она што ќе го направиме Македонија со овој народ ќе успее рече на вечерашниот митинг во Куманово, претседателот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните да направат вистински избор за иднината, да ја поддржат советничката листа предводена на ВМРО ДПМНЕ и актуелниот и иден градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ рече дека го разбира народот, оптоварен со секојдневни грижи, посочувајќи дека „битката“ заеднички се води, вети работа и силна волја, не чуда.

На митингот во Куманово Мицкоски се обрати и до чесните членови на СДСМ, за кои кажа дека искрено ги почитува и ги повика да се приклучат кон промените, укажувајќи дека знаат дека „раководството е затворен круг, кој наместо да гради иднина, штити бизнис интереси на неколкумина“.

Мицкоски рече дека опозицијата со месеци води кампања дека не растеле платите, а сега самите излегле со математика дека за година дена, платите пораснале за 10, 6 проценти.

„Според нив и неговиот гуру подобро било да имаме 20 отсто инфлација, како што беше во време на Владата на СДСМ и ДУИ, отколку сега кога е под четири проценти, кога е најниска во регионот и една од најниските во Европа. Според него, растот на пензиите од седум илјади денари линеарно за година и половина не било ништо – тоа било залажување за него повеќе биле оние 130, 150, максимум 700 денари кога се покачуваше пензијата во времето на владата на СДСМ и ДУИ“ – посочи Мицкоски.

Тој кажа дека се ова извртените вредности на СДСМ, „да нѐ убедуваат дека криминалот е вредност, распродажбата на националните интереси е патриотски чин, а оти осиромашувањето на народот е успех“. Мицкоски го критикуваше Филипче дека нема „морално и политичко право да зборува за правда“ и дека после овие избори ќе има одговорност.

И обвинителството и судството ќе мора да поднесат сметка зошто и покрај десетиците, повеќе од стотици случаи, покриени со докази, денеска се наоѓаат и фаќаат прашина во фиоките на неколкумина нивни лакеи и измеќари во обвинителството и судството.“ – предупреди претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски. 

Тој кажа дека после овие локални извори ќе следи смена на тие нивни слуги во обвинителството и оти  правдата мора да ја водат вистински обвинители и судии.

„Убеден сум дека ќе имаме историски најголем резултата во Куманово, рече  Мицкоски и побара поддршка од кумановци за листата на советници, за носителот адвокатот Владимир Михајловски и за коалицискиот партнер, за кандидатот за градоначалник Максим Димириевски. Тој ги повика кумановци да направат вистински избор за Куманово.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

Пумпите дадоа „зелено светло“ за поевтинување на горивата за 2, па и за 3 денари по литар

Економската фела, коментирајќи ги предлозите за привремено укинување или намалување на акцизите, велат станува збор за мерка која може да се разгледа, но со голема претпазливост. Искуствата на земјите од ЕУ велат дека таквата мерка покажала дека какво било привремено укинување на фискалните или на парафискалните давачки носи многу краткорочни резултати, кои на долг рок не се покажале доволно ефикасни.

Уставен суд: Со невистините за Законот за употреба на јазиците Пендаровски влијае врз сликата за правниот поредок и институционалниот интегритет на државата!

Реакција на Уставниот суд на Република Македонија во врска со изјавата на поранешниот претседател Стево Пендаровски во врска со предметот, во кој е оспорен Законот за употреба на јазиците

Подарок кој ја слави вашата моќ: Во месецот на жената, изберете иновација која ве инспирира

Март, месецот во кој се слави жената е секогаш убаво потсетување дека заслужуваме нешта кои не само што ни го олеснуваат денот, туку и нè инспирираат да бидеме најдобрата верзија од себе.

ОМО „Илинден“ – Пирин: Стојан Георгиев-Томовичин го посвети сиот живот да победи правото да биде Македонец – 88 години од раѓањето

На денешен ден, на 18 март пред 88 години се роди Стојан Георгиев – Томовичин, една од најбележитите личности во поновата историја на Пиринска Македонија. Целиот свој живот го посвети, за да победи правото да биде Македонец, но и правата и достоинството на Македонците во Бугарија. Поради ова лежел двапати по 4 години во бугарските затвори во времето на комунизмот. Тој е еден од основачите на ОМО „Илинден“ во 1990 година и нејзин прв претседател. Ова го објави денес ОМО „Илинден“ – Пирин на својот официјален фејсбук-профил.

Ѓукановиќ од СНП: Бугарските стремежи кон Македонија можат да бидат дел од судир на Балканот!

Владимир Ѓукановиќ, дел од раководството на владејачката Српска напредна партија (СПП) предупредува на „можен судир на Балканот“ и „создавање воен сојуз меѓу Загреб, Приштина и Тирана, на кој во одреден момент би можела да му се придружи и Бугарија со нејзините стремежи и амбиции за Македонија и југоисточна Србија, во зависност од тоа кој е на власт во Бугарија“.

Собранието го избра Ненад Савески како нов државен обвинител – Николоски истакна дека тој ќе треба да се избори за правдата во Македонија!

„На Македонија ѝ се потребни правда и владеење на правото. Ѝ треба јасно отворање и постапување по случаите, кои ќе ја подобрат сликата за државата и обвинителско-правосудниот систем.“ – нагласи вицепремиерот Александар Николоски денес на собраниската седница пред да биде избран Ненад Савески како нов државен јавен обвинител, предложен од Владата. За него Николоски истакна дека е професионалец, докажан во својата работа и, како што нагласи, без ниедна дамка во својата професионална кариера.

Најнови вести

To top