Македонија

Мицкоски: Падна митот дека Кичево е нивно или наше, тоа е на народот! Македонија може да биде пример на соживот, ред и напредок!

„Вечерва не славиме против некого. Славиме за Македонија. Славиме за новата енергија, што ја движи државата напред, за работата, за ред, за одговорност.“ – порача премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Кичево.

Христијан Мицкоски вечерва испрати од Кичево моќна порака за победата во овој град и општина. 

„Падна Фатмир Дехари. Падна од народот, кој се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење. Се докажа дека никој не е посилен од народот. Покажавме што можеме кога сме обединети. Таму соработувавме различни вери, различни припадности, против оние, кои го влечеа градот удолу. Ова ја отвора вратата дека можеме да се обединиме Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати, христијани и муслимани, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите околу вредностите и во онаа политика, која им е потребна на граѓаните. На ова треба да работиме.  Победија соживотот и вербата во вредности. Ова е голем и важен пример колку можеме да постигнеме кога сме обединети. – истакна Мицкоски.

Тој посебно нагласи: Победи идејата дека Македонија е дом за сите, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати.

 Христијан Мицкоски им порача на кичевчани дека е со нив и оти Кичево мора да биде во центарот на вниманието на Владата.

„Драги кичевчани јас сум со вас и Кичево во периодот, што следи, мора да биде и во центарот на вниманието на Владата. Падна митот дека Кичево е нивно, или наше, оти е мала или голема општина. Кичево е на кичевчани. Победи надежта дека иднината не се гради со поделби, туку со почит и заедничка работа. Таа победа не е само локална, таа е симболична. Таа зборува за Македонија, што созрева, за народот, што не се плаши да се обедини околу вредностите, а не околу поделби. Таа покажува дека народот е поголем од политиката и оти верата во подобро утре е посилна од секој страв. Драги пријатели, помина и времето на локални шерифи, итромани, кои градеа кариера преку малверзации, ситни манипулации со децении се шалтаа од еден во друг ќош, само за да преживеат политички. Тоа време вечерва завршува и во скопски Карпош. Тоа е порака до сите оние, кои со нечесни подземни игри мислеа дека ќе го излажат народот. Е,па вистината им се распрсна пред очи. Бомбата, која ја подготвуваа за други, им прсна во рака. Почитувани сограѓани, овој резултатот е порака до СДСМ: морам да признаам дека не сум среќен поради нивниот дебакл. Но, тој е одраз на реалноста дека оваа партија не се реформираше и не фати чекор со времето.“ – истакна Мицкоски во своето обраќање пред насобраниот народ во Кичево.

Тој посочи дека секој добиен глас е доверба, но и обврска. „Со одговорност пристапувам кон секој даден глас. Секои избори се порака, и овие избори се порака и до нас, да не се забегува во победата, туку да се носиме со одговорноста, дадена од граѓаните, и да ја оправдаме. Да се менуваме и подобруваме.  Таа порака е разбрана. Обврска да продолжиме уште посилно, да не се опуштиме ниту еден ден, и да ја претвориме надежта во конкретни резултати. Да покажеме дека чесноста и трудот победуваат, оти политиката може да има достоинствено лице, и дека Македонија може да биде пример на соживот, ред и напредок. Од Кичево до Скопје, од Битола до Куманово, од Охрид до Штип, ова е истата порака: време е за обединување, време е за работа, време е за Македонија што верува во себе.“ – порача претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мцкоски во своето обраќање од Кичево.

Видео-снимка од обараќањето на Христијан Мицкоски вчеравечер од Кичево

Најнови вести од: Македонија

Меџити: Сите ќе се навикнат на „Безбеден град и ќе се види ефектот – спасени човечки животи!

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити  во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека со текот на времето сите ќе се навикнат на системот „Безбеден град“. Како што изјави, можно е во иднина, кога ќе се нормализира возењето, мерките да се ублажат.

Викендов на Попова Шапка Алпски куп на најмладите скијачи од Македонија!

По повеќе децении, името на легендарниот скијач Диме Јовановски – Флејта повторно оживува на Попова Шапка. Клубот кој го носи неговото име, а некогаш функционирал и како ски-училиште, повторно е активен и е интегриран во Скијачката Федерација на Македонија. На 31 јануари и 1 февруари 2026 година, Скијачкиот клуб „Диме Флејта“ од Тетово ќе биде домаќин на натпревари за најмладите скијачи од државата. Настанот има за цел да ги собере децата и да ја промовира скијачката култура меѓу најмладите генерации.

Бојковска: Новиот Кривичен закон за гонење на на корупцијата и високиот криминал ќе биде донесен до јуни годинава!

Драгана Бојковска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ,  во емисијата ,,Само вистина“ на ТВ Канал 5 се осврна на измената на Кривичниот законик, изгласана денес во Собранието, нагласувајќи дека се подготвува и нов Кривичен закон, за кој веќе има нацрт-верзија.

Казнети 60 граѓани во Скопје со по 50 евра, фрлале ѓубре по 22 часот!

Пред неколку месеци во Скопје е воведена забраната за фрлање ѓубре во вечерните часови до 6 часот наутро. Заврши периодот на предупредувања и приспособувања на новата мерка за зголемување на комуналната хигиена во македонската метропола. Комуналните инспектори на Град Скопје им изрекоа казна на првите 60 несовесни граѓани во износ од 50 евра во денарска противвредност.

ОЈО Скопје отвори предмет по допрен глас за тврдењата на Жан Митрев за притисок од Заев и Филипче да им ја продаде клиниката

Основното јавно обвинителство од Скопје отвори предмет по допрен глас за тврдењата на Жан Митрев за притисок од поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство и сегашен лидер на СДСМ Венко Филипче. Филипче ги отфрли обвинувањата и најави дека ќе поднесе тужба против Митрев поради, како што наведе, „невистинити и штетни тврдења“.

Протест на ССМ со барања за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите плати за 6.000 денари

Сојузот на синдикати на Македонија одржа протест пред Работничкиот дом, Собранието, Сојузот на стопанските комори и Владата, барајќи итно зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите плати за најмалку 6.000 денари

Најнови вести

To top