Македонија

Мицкоски: Подготвен сум да ја сносам целата политичка одговорност, само да спасиме човечки живот

Премиерот Христијан Мицкоски изрази недвосмислена поддршка за целосна имплементација и проширување на системот „Безбеден град“ на целата територија на Република Македонија, нагласувајќи дека зачувувањето на човечките животи е апсолутен приоритет пред каков било политички притисок.

Премиерот Христијан Мицкоски изрази недвосмислена поддршка за целосна имплементација и проширување на системот „Безбеден град“ на целата територија на Република Македонија, нагласувајќи дека зачувувањето на човечките животи е апсолутен приоритет пред каков било политички притисок.

„Некои велат ‚тоа ќе донесе критика за Владата, ќе донесе силен политички удар‘, јас велам ‚подготвени сме да го издржиме политичкиот удар, само да спасиме човечки живот‘. Затоа што само изминативе недела-две, во строгиот центар на главниот град имавме три жртви – дел повредени, дел кои трагично го загубија животот – токму поради неприлагодена брзина и непочитување на сообраќајните правила. Јас во разговор со министерот за внатрешни работи реков дека подготвени сме како Влада да ги трпиме сите критики. Слушам некои поранешни пратеници на СДСМ и ДУИ кои го критикуваат ова, возеле 52, 53, 55 km/h, па добиле опомени. И со 50,5 km/h ќе добијат опомена, бидејќи постојат правила што точно дефинираат што е прилагодена, а што неприлагодена брзина. И ако успееме да спасиме барем еден човечки живот, еве јас сум подготвен целиот товар да го прифатам на себе и да ја понесам целокупната политичка одговорност“, порача Мицкоски.

Премиерот потенцираше дека најголемиот дел од сообраќајните несреќи со смртни последици се предизвикани токму од неприлагодена брзина и грубо кршење на правилата.

„Ние уште одамна алармиравме дека до ваква ситуација ќе дојде. Сите видоа колку сообраќајни прекршоци се евидентирани во еден единствен ден. Огромен дел од нив се поради несовесни возачи кои управуваат нерегистрирани возила. Неколку илјади прекршоци само вчера беа заради поминување на црвено светло. Само вратете се неколку месеци наназад и ќе видите колку луѓе го загубија животот токму затоа што некој управувал патничко возило, не ја прилагодил брзината и поминал на црвено светло“, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top