Македонија

Мицкоски: Подготвени сме за разговор со Софија, но јасни се ставот на Владата и црвените линии! Предавства и капитулации нема да се случуваат!

„Пред осум години кога менувавме имиња и презимиња ни велеа дека сме ‘фронт ранери’ (предводници). И кога ќе смениме име и презиме за 3-4 години ќе сме во Европската Унија. Изминаа тие 3-4 години, но кај сме денес? Онаму кај што бевме пред 25 години. Најдобри ќе бидеме, ако го смениме уставот и уште ако може да не сме Македонци, да сме нешто друго – најдобри ќе бидеме, онака како што некој ни прави булинг (агресивно однесување и насилство) и сака да ја запре Македонија да напредува во Европската Унија. Оваа Влада нема да го дозволи тоа.“ – нагласи премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денес во одговор на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром.

Премиерот Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања и во врска со конкретни чекори за решавање на проблемот со Бугарија нагласи дека е подготвен да седне да разговара, но оти е познат ставот на Владата по тоа прашање, како и црвените линии. „Нашиот став е многу јасен, се знаат кои се црвените линии. Ние сме ги опишале тие црвени линии многупати досега. Подготвени сме да седнеме и да разговараме, но не би било коректно некој да очекува дека оваа Влада, додека сум јас премиер, наеднаш ќе каже дека ова досега што го зборевме не важи, оти сега ќе седнеме и ќе направиме уставни измени. Барем јас додека сум претседател на Владата вакви предавства и капитулации нема да се случуваат. Ако дојде некој друг, нека тераат друга политика.“ – посочи Мицкоски.

„Следната година треба да вратиме повеќе од 2 милијарди евра, поради задолжувања од минатото, не од оваа Влада, во буџет од повеќе од 6 милијарди евра. Тука треба да имаме пензии, социјални трансфери, плати, комунални трошоци, и треба да вратиме повеќе од 2 милијарди евра. Поради некој, што душмански ги задолжил државата и неродените генерации.“ – истакна премиерот Мицкоски.

Тој подвлече: „Ако јавноста мисли дека треба да ги дуплираме платите на обвинителите и судиите слободно да кажат,  Да судат и обвинуваат согласно закон, а не како што прават до сега, потенцира Мицкоски, понудувајќи ја својата плата како донација.“

Мицкоски кажа дека знае за обвинувањата, што следат кон него, додавајќи дека не може, оти моралот не му дозволува да се согласи за зголемување на плати на луѓе, кои имаат никаков рејтинг. „Ако тоа е клучната реформа, која треба да ја направиме, јас нема да ја направам. Не можеме ние да одвоиме пари од буџетот за независно финансирање на обвинителството и судовите повеќе одошто од најразвиените земји во Европската Унија. Тоа не можеме да го направиме.“ – рече Мицкоски.

Тој појасни: „Ова се реформите и јавноста треба да знае дека реформите се за повисоки плати. Реформите не се за некои суштински измени, или незнам какви. Такви има во Кривичниот законик и тоа го правиме под притисок на одлуката на Уставниот Суд и тоа ќе го направиме до крајот на нова година да влазат во Парламент и да направиме една општа колективна амнестија во општеството и сите криминалци што се во затвор да излезат.“

Мицкоски истакна дека секој треба да има одредена одговорност пред да донесе било каква одлука. „Претходната Влада го измени Кривичниот законик така што направија да имаат многумина политичка амнестија и сега кога ќе го смениме ние без разлика дека ќе покренеме дело против некој од претходната Влада, тој ќе се повикува на тој што го донесоа на шверцерски начин во Парламентот под европско знаме. Тогаш сите молчеа што денеска се гласни. А, денеска ми велат Извештајот вели така и така. Каде бевте тогаш? Срамежливо стоеше една реченица во Извештајот. Зашто? Затоа што мислеа дека на тој начин ќе направат притисок врз ВМРО-ДПМНЕ преку некои поранешни структури, да се промени Уставот. Не им успеа. Повторно е ВМРО-ДПМНЕ виновен. Мораме да ги кажуваме работите како што треба, не онака како што некој сака да ни ги претстави. А ние ќе направиме се што е во наша моќ да ја завршиме домашната задача.“ – укажа премиерот Христијан Мицкоски.


Најнови вести од: Македонија

Алиу: Задоцнет е и без ефект протестот во Скопје за косовската УЧК! – Требаше да го има во 2015 година!

„Мислам дека е доцна – доцна во смисла дека ќе има некаков ефект. Протестот, како политички чин, требаше да биде осмислен и организиран во вистинско време. Вистинскиот момент беше во 2015 година, кога се гласаше за основањето на Хашкиот трибунал.“ – рече д-р Мурат Алиу, професор во Факултетот за општествени науки на државниот универзитет „Мајка Тереза“ од Скопје, вечерва во емисијата „Дебата“ на ТВ Шења.

Се враќа на пругите некогаш отпишаниот „Шпанец“, целосно обновен и тестиран, со аларм и видеонадѕор! (Видео)

Со обновувањето на легендарниот „Шпанец“ и неговото враќање во употреба на македонските пруги Македонски железници најавуваат преродба на железничкиот превоз во Македонија – со нагласка на зачувување на традицијата, но и осовременување на постојните возни средства.

Екс-„УЧК“ ги предупредува „соборците“ да не доаѓаат на протест во Скопје, оти полицијата е „должна да ги апси, ако се на потерници на Европол“!

„Претпочитаме нашите борци на УЧК да не тргнуваат на пат кон Скопје, бидејќи немаме гаранции. Дури и да го побараме тоа, не е можно државата С.Македонија да даде гаранции кога сте на списоците на Европол. Автоматски, кога вашата лична карта ќе биде внесена во базата на податоци на граничната полиција и ќе се покаже дека сте барани, полицијата има обврска да ве уапси. Затоа им кажуваме на нашите соборци да не учествуваат на протестот во Скопје. Има многу граѓани кои ќе учествуваат.“ – истакнува „Организацијата на воени ветерани-УЧК“ во своето соопштение, едновремено и предупредување до нивните поранешни „соборци од УЧК“ од Косово. Ова го објави ТВ Алсат.

Законот за правична застапеност доби позитивна оценка од Венецијанската комисија дека е усогласен со европските стандарди

„Законот за правична и соодветна застапеност станува реалност 24 години по Охридскиот договор. Позитивна оценка од Венецијанската комисија. Работа, а не фудбал во државните канцеларии.“ – порача преку својот фејсбук-профил вицепремиерот Арбен Фетаи, алудирајќи на праксата за „занимавање со спортска рекреација“ и злоупотребување на државните кабинети од страна на Артан Груби и другите високи функционери на ДУИ додека беа дел на Владата на Република Маедонија.

To top