Македонија

Мицкоски: Работиме секој ден, за да ја извадиме државата на вистинскиот пат, заради подобра иднина на сите граѓани!!

„По изборите ќе треба да влезе голема лопата најпрвин во судството и обвинителството, каде што е сраснато со неправдите и штитењето на криминалот. Потребен е ресет на системот, без партиска или било каква поделба.“ – порача премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вечерашниот завршен митинг, одржан во општина Охрид, во рамки на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.,

Христијан Мицкоски истакна дека е наследена лоша состојба во Македонија, која од ден на ден се менува, за подобра иднина на сите граѓани. Мицкоски притоа посочи дека по изборите ќе следи длабока реформа во судството и обвинителството, институции, кои, како што нагласи, се тесно поврзани со неправдите и заштитата на криминалот. „Ќе следи  и ресет на системот без поделби и влијанија.“ – дополни Мицкоски

„Состојбата која ја затекнавме беше повеќе од катастрофална, почнавме дословно од темелите на државата. Работиме секој ден и секој час, за да ја извадиме државата на вистинскиот пат. Не сум човек,што избрзува, ниту што брзо лета во облаци, туку ви велам — сега создаваме основа за нешто, што ќе се гради десетина години. По изборите ќе треба да влезе голема лопата најпрвин во судството и обвинителството, каде е сраснато со неправдите и штитењето на криминалот. Потребен е ресет на системот, без партиска или било каква поделба.“ – истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Мицкоски.

Мицкоски ја посочи економијата и заштитата на животниот стандард како втора област, во која ќе се вложува, Во овој контекст тој ја објави новата инвестиција од 150 милиони долари, која ќе донесе 1000 нови вработувања во Македонија за подобар живот на сите граѓани и раст и развој на економијата.

„Воедно сакам да ви кажам за втората област каде непрестајно ќе продолжиме да работиме за борбата за заштита на животниот стандард и економијата. Следната година ќе биде исто така година на економија и повеќе пари и повисок стандард за секого. Би сакал да кажам една убава вест којашто мислам дека ќе ги израдува македонските граѓани: започнуваме со нов циклус на инвестиции, во завршни преговори сме со американско-британска компанија, којашто ќе вложи до 150 милиони долари во наменската воена индустрија во Македонија. Ќе имаме нови високоплатени 1000 работни места и ова е само почеток. Очекуваме во воената наменска индустрија инвестициите да достигнат повеќе од 1 милијарда долари.“ – рече  Христијан Мицкоски. 


Најнови вести од: Македонија

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

Претседателот на Босилово Манчев: Пожарот во Иловица е подметнат, гранките биле сечени со секира, најдена е и запалка!

„Според сите укажувања, намерно предизвикан пожар ќе направеше катастрофа во Иловица. Благодарение на брзата реакција на голем број граѓани, противпожарната служба и МВР, пожарот е изгаснат.“ – објави градоначалникот на Општина Босилово Ристо Манчев, во објава на фејсбук.

To top