Македонија

Статистиката охрабрува: Невработеноста паѓа, иселениците се враќаат во Македонија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ги презентираше најновите податоци од Државниот завод за статистика за третиот квартал од 2025 година, истакнувајќи позитивен тренд на пазарот на трудот.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ги презентираше најновите податоци од Државниот завод за статистика за третиот квартал од 2025 година, истакнувајќи позитивен тренд на пазарот на трудот.

„Третиот квартал оваа година, споредено со третиот квартал минатата година, има седум илјади повеќе вработени на сметка на седум илјади помалку невработени. Ако минатата година во третиот квартал имавме околу 698.000 вработени, сега имаме 705.000. Минатата година имавме 98.000 невработени, а сега 91.000. Тоа значи дека бројот на вработени и невработени пропорционално се зголемува, односно намалува“, рече премиерот Мицкоски.

Тој посебно го нагласи охрабрувачкиот тренд на враќање на иселените македонски граѓани во татковината.

„Охрабрува трендот што голем број македонски граѓани кои во последните десет години, поради тешката состојба во државата, одлучија да заминат, полека се враќаат. Многу од нив остваруваат контакти со мене или со институциите во Владата и одлучуваат да се вратат и повторно тука да го продолжат својот живот. Тоа е охрабрувачки тренд. Значи дека ќе се зголемува бројот на вработени, бројот на луѓе кои ќе отпочнат свој бизнис или ќе најдат начин да работат дома, наместо надвор, каде што и таму состојбата е обременета со многу проблеми. Јас сум уверен дека овој тренд ќе продолжи. Овој параметар е добар и охрабрувачки“, изјави премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Нема кампови, ќе има пријави: Мицкоски со тврд став против СДСМ и паниката која ја создадоа мегу граѓаните

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ следната недела ќе достават документи до општинските совети со кои ќе се гарантира дека нема да се градат мигрантски кампови, најави премиерот Христијан Мицкоски.

To top