Македонија

Мицкоски: Во април ново линеарно зголемување на пензиите

Последните статистички параметри кои што ги издаде Државниот завод за статистика за нивото на сиромаштија и „џини-коефициентот“, само дополнително ја оправдуваат политиката на Владата за линеарното зголемување на пензиите

Во текот на денешната работна посета на општина Кавадарци, премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарските прашања се осврна на зголемувањето на пензиите во наредниот период.

-Ќе има повторно линеарно зголемување на пензиите за пензионерите во април, за мартовската пензија. Продолжуваме со таа политика. Последните статистички параметри кои што ги издаде Државниот завод за статистика за нивото на сиромаштија и „џини-коефициентот“, само дополнително ја оправдуваат политиката на Владата за линеарното зголемување на пензиите, најпрвин за 2.500 денари кои се случија во ноември за октомвриската пензија во 2024 година, па дополнителните 2.500 денари во април за мартовската пензија, оние 1.000 денари дополнително линеарно зголемување во ноември за октомвриската пензија 2025. Така ќе биде и сега во април за мартовската пензија во 2026, беше категоричен Мицкоски.

Тој посочи дека со ова се сака да се намали стапката на сиромаштија кај оваа група граѓани, а со тоа да се намали и „џини-коефициентот“ кој подразбира нееднаквост во распределбата на доходите кај различни групи на граѓани.

-Во таа насока добро се движиме, што се однесува до „џини-коефициентот“ сме најдобри во регионот и сме над европскиот просек, а борбата против сиромаштијата е една од главните цели на оваа Влада и ќе се движиме и понатака во таа насока, рече премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top