Македонија

Мицкоски во Тирана: Решително кон ЕУ и посилна регионална соработка

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“ во Тирана, каде заедно со шефовите на влади и држави од Западен Балкан разговара за забрзување на европските интеграции и продлабочување на регионалната соработка.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“ во Тирана, каде заедно со шефовите на влади и држави од Западен Балкан разговара за забрзување на европските интеграции и продлабочување на регионалната соработка.

„Нашата земја останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка, кои се клучни столбови на нашата заедничка визија за просперитетен Западен Балкан“, порача Мицкоски од албанската престолнина.

Самитот во Тирана претставува важна платформа за размена на искуства, координација на политики и зајакнување на економската, политичката и безбедносната стабилност во регионот, со единствена цел – побрзо и поефикасно приближување кон Европската Унија.

Најнови вести од: Македонија

Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски, рече известувачот на Европскиот парламент за Македонија

Процесот на пристапување е сопрен, а напредокот во клучните области, особено владеењето на правото и борбата против корупцијата, е недоволен. Со оваа порака, известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, го отвора годинешниот нацрт-извештај за земјава, кој на 26 февруари ќе го презентира пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Станбениот квадрат отиде во „астрономијата“: Најмногу поскапеле становите во Куманово, Тетово, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

Во втората половина од 2025 година највисок скок на цените на продадени станови, споредено со истиот период од претходната година, има во Куманово за 24 проценти, Тетово 22 проценти, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба со по 16 проценти, Центар 14 проценти, а пад на цените на продадени станови има во Гостивар два процента.

To top