Македонија

Мицкоски: Железницата ја враќаме на шините на развојот, со вложувања во набавка на електрични локомотиви!

„Преку Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија обезбедени се пари за капитални проекти, со кои ја поставуваме железницата таму каде што и е местото – како клучна врска меѓу Балканот и Европа. Ова не се изолирани проекти. Ова е системска обнова на железничкиот сектор, инвестиција во економијата, во екологијата и во европската иднина на државата. Железницата повторно ја враќаме на шините на развојот – со план, со одговорност и со јасна визија за модерна, поврзана и силна Македонија.“ – истакна премиерот Христијан Мицкоски пред потпишувањето на Договорот за заем со ЕБОР вреден 20,9 милиони евра. со кој е предвидена набавка на електрични локомотиви за ЖРСМ Транспорт.

Дополнително, нагласи премиерот, изградбата на брза пруга на Коридор 10 останува еден од стратешките приоритети. Според премиерот, железницата мора повторно да стане двигател на извозот и логистиката, а не тесно грло на економијата.

-Посебно важен е еколошкиот аспект. Со фокусот на електрични локомотиви, се движиме кон нула емисија на загадувачки материи. Ова е директен придонес во борбата против аерозагадувањето, во заштитата на животната средина и во развојот на чист, модерен и одржлив транспорт. Во услови на енергетска транзиција, железничкиот транспорт станува клучен фактор за ефикасен, конкурентен и еколошки одржлив систем. Инвестициите во електрични локомотиви и модерни коридори се целосно усогласени со владините политики за интеграција во европските транспортни мрежи, подвлече Мицкоски. Како што информира тој денеска, ова ќе значи побезбеден, побрз и поефикасен железнички сообраќај. 

На потпишувањето на Договорот со ЕБОР во Владата беа и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Почнати се и градежните работи за Линијата 1 или т.н. градски воз. Вредноста на договорот е 360 милиони денари. Проектот предвидува целосна реконструкција и надградба на постојната траса.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top