Македонија

Минчев: Не ни треба „балансер“, тежнееме кон реална застапеност на етничките заедници

Правичната застапеност на етничките заедници е уставна категорија, согласно со Охридскиот рамковен договор, нема бегање од тоа и ќе се спроведувам тоа, изјави денеска Горан Минчев, министер за јавна администрација. Тој, во македонското Собрание, одговори на пратеничко прашање на Елми Азири од опозициската коалиција „Европски фронт“. Азири рече дека предложениот закон за соодветна и правична […]

Правичната застапеност на етничките заедници е уставна категорија, согласно со Охридскиот рамковен договор, нема бегање од тоа и ќе се спроведувам тоа, изјави денеска Горан Минчев, министер за јавна администрација. Тој, во македонското Собрание, одговори на пратеничко прашање на Елми Азири од опозициската коалиција „Европски фронт“. Азири рече дека предложениот закон за соодветна и правична застапеност нема да ја помине предвидената парламентарна процедура.

  • Законот има недостатоци и тој не е ставен на увид пред пратениците со намера да не може амандмански да се дејствува, бидејќи прво бил испратен за мислење во Венецијанската комисија, нагласи Азири, додавајќи дека законот, кој има само три страници, е испратен во Венецијанската комисија без да бидат запознаени пратениците со неговата содржина.

Минчев одговори дека не е коректно да се кажува за едно ново законско и суштинско решение и прејудицира дека нема да има своја употреба.

  • Законот е готов и откако ќе се добие сублимат и став од Венецијанската комисија, ќе се најде пред пратениците. По добивањето мислење, правичната застапеност ќе се регулира со подзаконски акти, нагласи министерот.

Тој напомена дека пред неговото преземање на функцијата, алатката „балансер“ не била според законските одредби, а на седницата на минатиот состав на Владата, ДУИ искажала констатација дека „балансерот“, како алатка за правична застапеност, се злоупотребува и има изминат рок.

  • Правичната застапеност на етничките заедници е уставна категорија, согласно со Охридскиот рамковен договор. Нема бегање од тоа и ќе се спроведува тоа. Како Влада, дадовме збор дека по укинувањето на „балансерот“ од страна на Уставниот суд, не треба да се брза со ново решение и да нема злоупотреби. Рековме дека ќе одиме полека и сериозно, рече Минчев, додавајќи дека во изработката на законот биле вклучени експерти по уставното право, со што ќе се избегне спротивставеност со други закони.

Според министерот Минчев, методологијата ќе биде тема на разговори во кои ќе се разгледува дали ќе биде таа дел од постојните закони или во новиот закон.

  • Ние тежнееме да имаме реална застапеност на етничките заедници. Ние сме мултиетничко општество, ќе го обезбедиме тоа многу подобро од претходната владејачка гарнитура и ќе обезбедиме методолошки решенија како најдобро да функционира тоа, рече Минчев.

Опозициската ДУИ и денеска изрази сериозна загриженост во врска со донесувањето на законот за праведно и соодветно застапување. Оттаму ги наведуваат ставовите на Мерсим Максути, правен експерт, кој прво беше дел, а потоа се повлече од работната група што го изработуваше законот.

  • Предлогот за законот е скандалозен, непрактичен и спротивен на Уставот, не гарантира никаква понуда за застапеноста на етничките заедници. Предложеното координативно тело е фарса, немоќно, без јасно дефинирана политичка насока и без реална компетентност да преземе одговорност од институциите. Недостигот на санкции и правна одговорност го прави овој закон пропаганден документ, без обврзувачка моќ и без реално влијание, наведе Максути во своето јавно обраќање.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): „Приказна што спојува генерации“: „Алкалоид“ со промотивно видео како дел од 90-годишниот јубилеј

„Алкалоид“ годинава одбележува 90 години постоење, а како дел од активностите по повод одбележувањето на големиот јубилеј компанијата на своите профили на социјалните медиуми објави промотивно видео во кое низ семејна приказна ги поврзува минатото и сегашноста.

Велјановски: ЈО да истражи зошто, поради СДСМ и ДУИ, РМ плати 4,6 милиони евра провизии за неповлечени пари за железничкиот Коридор 8?!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски денеска обвини дека владеењето на СДС и ДУИ оставило сериозни последици врз реализацијата на железничкиот Коридор 8, повикувајќи се на наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

Николоски: ЈО да ја истражи работата на претходното раководство на „Македонијапат“, таму има мафија на адвокати, проценители, вештаци!

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски од говорницата на македонското Собрание го повика Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај за ЈП „Македонијапат“, и кривичната пријава, која тој ј лично ја има потпишано за работењето на претходното раководство, кое претпријатието го има заглавено во долгови од 34 милиони евра.

Мицкоски: Ако побара опозицијата предвремени избори, ќе има, но пак ќе ги победиме!

Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе има предвремени избори.

To top