Македонија

Минималниот износ на К-15 годинава изнесува 19.116 денари

Регресот за годишен одмор е законско право на работниците кое произлегува од колективното договарање и работните прописи

Компаниите во приватниот сектор од денеска ќе можат да започнат со исплата на регресот за годишен одмор  К-15, при што минималниот износ годинава изнесува околу 19.116 денари, објавува Фактор

Износот на регресот е пресметан врз основа на просечните нето-плати за февруари, март и април 2026 година, кои изнесуваат 46.159, 48.433 и 48.779 денари. Просечната вредност е околу 47.790 денари, а согласно колективниот договор минималниот К-15 изнесува 40 отсто од таа основица.

Право на К-15 имаат вработените во приватниот сектор кои имаат најмалку шест месеци непрекината работа кај истиот работодавач во текот на календарската година. Работодавачите можат да исплатат и повисок износ, доколку тоа е утврдено со колективен договор или внатрешна одлука на компанијата.

Постојат и исклучоци, па фирмите кои работат со загуба или имаат финансиски потешкотии можат, согласно законските и колективните одредби, да исплатат понизок износ или во одредени случаи да бидат ослободени од обврската, но само со соодветна документација и одлуки усогласени со прописите.

Доколку работодавачите не ја исплатат законски предвидената регрес-сума, тие можат да се соочат со инспекциски контроли и парични казни, а работниците имаат право да поднесат пријава до Државниот инспекторат за труд или да ги бараат своите права по судски пат.

К-15 е законско право на работниците кое произлегува од колективното договарање и работните прописи.

Најнови вести од: Македонија

Кос: Македонија спроведе 56 отсто од предвидените реформи и ќе добие 71 милион евра

На самитот за Планот за раст, што се одржува во главниот град на Албанија, Тирана, еврокомесарката за проширување, Марта Кос направи преглед на достигнувањата на земјите од Западен Балкан со генерална оценка дека три земји постигнаа добар напредок во реформите, додека три други не ги искористија целосно понудените можности. Планот за раст, кој е во свoјата четврта година од реализација, предвидува исплата на средства според спроведените реформи и постигнатите резултати. Македонија ќе добие  нешто повеќе од половина од предвидените средства од ЕУ – 54 отсто, додека најдобра во искористувањето на европските пари е Црна Гора со 94 отсто.

Првата докторска дисертација за македонскиот јазик на Мазинг од 27.11.1890 „пепел“ ги прави фалсификатите на Бугарската академија на науки и шовинизмот на Софија!

На денешен ден, на 27 ноември 1890 година во царска Русија, на престижниот Дерптски универзитет (денешен Универзитет во Тарту, Естонија), балто-германскиот лингвист и полиглот Леонард Готхилф Мазинг ја одбранил својата докторска дисертација за македонскиот јазик со изворен наслов „За јазичната повелба на Македонските Словени. I. Застапеноста на tj и dj“ („Zur sprachlichen Beurteilung der macedonischen Slaven. I. Vertretung von tj und dj). Таа претставува прв врвен научен документ од ваков ранг во светската славистика, кој го третира македонскиот јазик како посебен лингвистички систем. Дисертацијата на Мазинг е неоспорлив европски научен доказ, кој целосно ги разобличува современите политички и академски тези за наводната „вештачка“ природа на македонскиот јазик и народ, кои доаѓаат од шовинистичките противмакедонски „кујни“ на официјална Софија и Бугарската академија на науки. Македонски Словени, македонски дијалекти – овие клучни поими во првата воопшто докторска дисертација за македонскиот јазик се европски научни сведоштва за македонската национална, идентитетска и јазична самобитност и засебност од другите балкански и европски народи, идентитети и јазици.

Разузнавачот Јовановски: Со уцени, закани, бугарската разузнавачка служба ни инсталираше врвни луѓе во политичкиот живот, од премиери до…

„Најголемиот успех на бугарската разузнавачка служба, а наш срам и неуспех , е тоа што таа нам ни изгради врвни луѓе и ни ги инсталира во врвниот општествен и политички живот. Од премиери, до ете, да не зборувам понатаму, тоа им е најголемиот успех. Еден ден ако бидам во можност, јас тоа ќе го ставам да се изучува во школите за разузнавање како пример – како една служба постапува во друга служба и држава. Спомнав и претходно, дали е со уцени со закани, со компромитирање или со друго мотивирање, останува прашање и не е битно, битно успехот е постигнат.“ – изјави поранешниот разузнавач и безбедносен аналитичар Владо Јовановски во интернет-емисијата „Наткаст“ на порталот „Курир“.

To top