Македонија

Министерот за правда очекува измените на Изборниот законик наскоро да се најдат пред пратениците

Идните локални избори треба да се спроведат според нов Изборен законик. Министерството за правда ги вметнало препораките на ОБСЕ/ОДИХР кои за секој изборен циклус се повторуваат. Филков открива дека се испратени на мислење до регионалната безбедносна организација и се чека нејзиното мислење, пред да бидат поднесени во парламентот. „Се надевам, дека ќе го фатиме крајниот […]

Идните локални избори треба да се спроведат според нов Изборен законик. Министерството за правда ги вметнало препораките на ОБСЕ/ОДИХР кои за секој изборен циклус се повторуваат. Филков открива дека се испратени на мислење до регионалната безбедносна организација и се чека нејзиното мислење, пред да бидат поднесени во парламентот.

  • „Се надевам, дека ќе го фатиме крајниот рок до јуни и ќе може да стигне до идните локални избори“, вели Филков.

Рокот е до јуни и декември, согласно со реформската агенда. Измените на Изборниот законик, министерот очекува да се најдат пред пратениците до 23-ти овој месец, а со тоа ќе се запазат и роковите за реформската агенда. Но, за зелено светло на измените, потребно е бадентерово мнозинство.

  • „Се надевам дека сите политички партии се свесни дека не смеат да ги кочат законите кои се во интерес за граѓаните“, истакна Филков.

Во законските измени ќе се најде и прагот за потписи за независните кандидати. Консултациите се направени, препораките подготвени. Но, одлуката според Филков се чека од финалната верзија на Изборниот законик.

Спроведувањето на Реформската агенда од Планот за раст треба да резултира со придобивки за граѓаните и забрзување на интеграцијата на земјата во ЕУ. За пет од осум закони од првиот пакет закони од Реформската агенда со рок до јуни 2025 година Министерството за правда прави напори најдоцна до 23. месецов да влезат во собраниска процедура.

Министерот за правда Игор Филков, на почетокот на денешниот брифинг со медиуми за Реформската агенда, рече дека, иако од стапувањето на функцијата немале простор за прилагодување и соочување со низа проблеми, работеле и работат со максимални напори и дека најголемиот дел од законите се доставени и се во владина постапка.

  • Министерството за правда, има помалку од 90 вработени, од 195 предвидени по систематизација. Ова е наследена состојба и сега правиме напори овие места да бидат повторно атрактивни – вели Филков.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): „Приказна што спојува генерации“: „Алкалоид“ со промотивно видео како дел од 90-годишниот јубилеј

„Алкалоид“ годинава одбележува 90 години постоење, а како дел од активностите по повод одбележувањето на големиот јубилеј компанијата на своите профили на социјалните медиуми објави промотивно видео во кое низ семејна приказна ги поврзува минатото и сегашноста.

Велјановски: ЈО да истражи зошто, поради СДСМ и ДУИ, РМ плати 4,6 милиони евра провизии за неповлечени пари за железничкиот Коридор 8?!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски денеска обвини дека владеењето на СДС и ДУИ оставило сериозни последици врз реализацијата на железничкиот Коридор 8, повикувајќи се на наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

Николоски: ЈО да ја истражи работата на претходното раководство на „Македонијапат“, таму има мафија на адвокати, проценители, вештаци!

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски од говорницата на македонското Собрание го повика Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај за ЈП „Македонијапат“, и кривичната пријава, која тој ј лично ја има потпишано за работењето на претходното раководство, кое претпријатието го има заглавено во долгови од 34 милиони евра.

Мицкоски: Ако побара опозицијата предвремени избори, ќе има, но пак ќе ги победиме!

Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе има предвремени избори.

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри

Запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење

Најнови вести

To top