Македонија

Мисајловски: Ќе има зголемување на платите во Армијата

Разговорите ќе започнат во понеделник, а од следната година, планирано е зголемување на платите и бодовите за пресметување на платите

 

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави почеток на преговори за нов колективен договор и зголемување на платите за припадниците на Армијата.

Тој посочи дека разговорите со синдикатите за новиот колективен договор ќе започнат во понеделник, и дека почнувајќи од следната година, планирано е зголемување на платите и бодовите за пресметување на платите.

Според него, во наредните години ќе има и процентуално зголемување на платите во согласност со буџетските можности.

Мисајловски нагласи дека Министерството истовремено работи на сервисирање на обврските наследени од минатото, особено врз основа на тужби, додавајќи дека секоја година се плаќаат неколку илјади вакви случаи.

Тој нагласи дека со тековниот ребаланс на буџетот, приоритет е покривање на старите долгови, но и обезбедување средства за подобрување на капацитетите и нови инвестиции во Армијата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top