Македонија

Митева: ВМРО-ДПМНЕ доби голема доверба од граѓаните, но толку е поголема и одговорноста

Политичките кандидати на ВМРО-ДПМНЕ успеаја преку овие локални избори да покажат дека се идентификувале со очекувањата на граѓаните

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија изјави дека големата доверба што граѓаните ја дадоа на локалните избори претставува уште поголема одговорност.

„Колку е поголема довербата, толку е поголема и одговорноста. Но, од друга страна, оваа победа некако може и многу други работи да ни покаже. Политичките кандидати на ВМРО-ДПМНЕ успеаја преку овие локални избори да покажат дека се идентификувале со очекувањата на граѓаните. Добивањето на довербата на локално ниво, особено на локални избори, секогаш значи дека граѓаните имаат очекувања од вас, и ако вие ги исполните нивните очекувања, или веруваат дека можете да ги исполните очекувањата, тогаш и директно ви ја даваат довербата“, истакна Митева.

Митева нагласи дека резултатите од изборите покажуваат дека граѓаните веруваат во ВМРО-ДПМНЕ како партија што има јасен системски правец и реален пристап кон решавање на проблемите.

„Овие избори покажуваат дека граѓаните веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што има еден системски правец, а тоа е чесност, работа и посветеност. Веруваат дека можеме да го исполниме она што го ветуваме, веруваат во реториката која што ја имаме на работа и чесност, а не само на празни зборови коишто не се реализираат во реалноста“, додаде Митева.

Митева изрази благодарност до сите граѓани кои ја дале својата доверба, нагласувајќи дека токму таа доверба претставува дополнителен мотив за уште посериозна работа и исполнување на ветеното.

„Водевме реална политика, зборувавме за реалните проблеми. Јас благодарам на секој еден граѓанин којшто ја даде довербата, го даде својот глас и се разбира откако се ова ќе го сумираме веднаш следи одговорноста затоа што и довербата е голема“, вели Митева.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top