Македонија

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна, но можно е поскапување на нафтата, се бараат начини да се намали ударот врз граѓаните

Стабилна и мирна е безбедносната состојба по воените дејствија на Блискиот Исток, изјави премиерот Христијан Мицкоски, дополнувајќи дека се можни економски предизвици во иднина. На седницата на Советот за безбедност организирана од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, премиерот вели дека направиле анализа врз основа на информациите што ги добиле од службите и од министерствата за одбрана и за внатрешни работи.

„Врз основа на тие податоци, во овој момент можам да ги информирам граѓаните дека состојбата безбедносно е стабилна. Можеби со тек на време ќе имаме одредени економски предизвици, тука повеќе мислам на притисок врз цената на енергенсите, на нафтата и гасот, повеќе на нафтата бидејќи ние немаме премногу голема зависност во делот на гасот. Полека завршува и грејната сезона, а и македонската индустрија нема прилично развиена мрежа во делот на гасот. Можеби во делот на нафтената индустрија ќе имаме одредени притисоци, ќе треба да се зголемува цената но и тука разгледуваме со Министерството за финансии да намалиме во делот на акцизата, да намалиме во делот на даноците, да видиме кои се нашите можности за да го намалиме ударот врз стандардот на граѓаните“, рече денес премиерот Мицкоски при посетата на компанијата „Актива“ во Штип.

Најнови вести од: Македонија

Грчки „патриоти“ ја штитат и Македонија од евентуален напад од Иран

Атина ја презеде заштитата на македонскиот воздушен простор во рамките на НАТО, а на барање на Софија ја штити и Бугарија со распоредување батерија „патриоти“ на северот од земјата и со двојка ловци Ф-16

To top