Македонија

Мицкоски до Кошта: Македонија останува на европскиот пат, но заслужува достоинствен и принципиелен процес

Од претседателот на Европскиот совет побаран однос базиран на европските вредности, а не на билатерални условувања

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Минхен уште еднаш ја нагласил посветеноста на Македонија на сопствената интеграција во Европската унија, но бара од неа достоинствен однос.

Разговаравме отворено и искрено за европската перспектива на Македонија, за реформите кои ги спроведуваме и за предизвиците што стојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија. Јасно ја пренесов нашата позиција Македонија останува посветена на европскиот пат. Но, исто така, Македонија заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања. Нашата Влада работи на суштински реформи: владеење на правото, борба против корупцијата, економска стабилност и подобар животен стандард за граѓаните. Европската иднина не е само политичка цел, таа е избор за подобра држава. Продолжуваме да работиме. Одговорно, чесно и со јасна визија за Македонија во Европа“, изјави Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Бензините поефтинуваат од ноќеска на полноќ, а дизелот ќе има иста цена – Македонија е со најефтини горива во регионот!

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Две убиства за 48 часа! Грк застрелал ловочувар кај Виница, мајка убиена од син во Росоман

Во Виница, 80-годишен грчки државјанин го застрелал 56-годишен ловочувар Д.А. од с. Липец за време на лов. Полицијата покренала кривична пријава против осомничениот по член 123 од Кривичниот законик, а четири лица се лишени од слобода. При претреси во апартманите и возилата на осомничените биле пронајдени четири ловни пушки, околу 800 парчиња муниција и друг доказен материјал од интерес за истрагата.

Советот на јавни обвинители ја прекина дисциплинската постапка против Хајрулахи и го враќа на работа Цветановски

Советот на јавни обвинители едногласно ја укина суспензијата на обвинителот Јован Цветановски и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување.

Најнови вести

To top