Македонија

Мицкоски до Реџепи: Во опозиција создавате етнички конфликт, на власт промовирате зелени агенди

Мицкоски ги нарече ДУИ „патриоти од Али Експерс“

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека во Законот за правична застапеност не се важни процентите, туку квалитетот и затоа очекува поддршка од сите пратеници и посочи дека државата се гради кога се поддржуваме едни со други, додека во однос на правосудниот испит вели дека секој има право да го користи својот мајчин јазик, но некој се обидува да создава етнички конфликт каде што го нема и со тоа се остава лош пример.

„За правосудниот испит ако сте го прочитале законот ќе прочитате таму дека полагањето не е регулирано со законот на кој јазик ќе биде, туку тоа го уредува министерот, колку министри за правда биле од коалицијата која ја поддржувате, зошто не го уредиле? Затоа што сте лицемерни, затоа што сте патриоти од Али Експрес кога сте во опозиција, а во влада промовирате зелени еко агенди, во опозиција сакате да создадете етнички конфликт каде што го нема“, изјави премиерот Мицкоски во одговор на пратеничко прашање од Скендер Реџепи пратеник од Европскиот фронт.

Премиерот Мицкоски воедно посочи дека правници кои треба да се борат за владеење на право, на протестот за правосуден го прекршија правото и не истакнаа знаме на државата во која треба да се полага тој испит.

„Лош пример оставате за оние по вас. Вие сте опозиција и мислите дека на овој начин ќе привлечете внимание. Слушајте го мојот говор на Денот на светите просветители Кирил и Методиј, каде што јасно и гласно кажав што значи мајчин јазик и дека секој има право да го користи својот мајчин јазик. Но, вие континуирано ги пропуштате шансите и сега велите Венецијанската комисија претставувала некое неформално тело, повторно како претседател на Влада морам да кажам се оградувам од ставот на пратеникот Скендер Реџепи затоа што покажа елементарно непознавање“, додаде премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски појасни дека во новата методологија на преговори има тела кои се клучни, а едно од тие е Венецијанска комисија. Второто е Европскиот суд за човекови права.

„Венецијанската комисија кажува дали некој закон е согласно меѓународното право, и второ во тој Европски суд за човекови права лежат, фаќаат прашина 14 пресуди за нашето македонско братство заедница во Бугарија, кои Бугарија не ги применува. Очекував да кажете дека стоите позади вашите сограѓани Македонци и заедно ќе се бориме. Така настапува објективен поддржувач на соживотот во мултиетничка Македонија, моја и ваша татковина како Македонец и Албанец. Нашата заедничка татковина така се гради, кога ќе се подржуваме едни со други. Јас поддржувам да не се гледаме низ призмата на проценти и затоа ќе имате можност многу скоро во Собрание да го гласате Законот за правична застапеност, каде процентите не се важни туку квалитетот. Очекувам поддршка. Не сакам да ги гледам луѓето низ проценти, туку низ квалитет и низ објективна оптика“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

To top