Македонија

Мицкоски ги повика жртвите на семејно насилство да не ги повлекуваат пријавите против сторителите

Апел до сите жртви на семејно насилство

Апелирам до сите жртви на семејно насилство сето тоа да го пријават и да останат на пријавата и да не ја повлекуваат, затоа што ако се повлече пријавата тогаш центрите за социјална работа и Министерството не можат ништо да направат, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој беше во посета на Штип, одговарајќи на новинарско прашање во контекст на настанот во скопски Карпош.

– Навистина трагедија. Жалам што тоа се случувало во минатото, што се случува и претпоставувам дека ќе имаме вакви настани и во иднина. Но, тој број треба да го намалиме. Ние како држвата и како Влада ќе застанеме целосно во функција на жртвите на ваков тип на девијатно однесување. Ги молам, сите оние жртви на девијатно однесување да не се повлекуваат кога ќе пријават, рече Мицкоски.

На новинарско прашање за барањето од СДСМ за оставка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради трагедијата во Карпош, премиерот рече дека опозицијата бара оставки секој ден од секого.

– Без разлика на тоа какви се нивните аргументи институциите постапуваат, а министерот Тошковски на прес-конференција направи јасна ретроспектива на тоа што и како се случувало, така што јас нашата безидејна опозиција, мекотелна опозиција, не би сакал да ја коментирам. Јас мислам дека СДСМ е најголемата опасност врз македонскиот идентитет и македонската држава и ги замолувам граѓаните со резерва да ги прифаќаат сите оние лажни конструкции и соопштенија кои доаѓаат од Бихачка бидејќи тие имаат само една цел а тоа е да го разнебитат македонското ткиво и да зададат удар врз македонскиот идентитет, рече Мицкоски.

Премиерот потврди дека ќе има ново ангажирање на асистенти за стари и изнемоштени лица, бидејќи за некои општини се уште се чека изјави.

– Да, да, апсолутно и огласот е распишан и очекувам таа процедура да биде завршена. Средствата се одвоени, така што сето она коешто претставува добра пракса, ние ќе ја продолжиме, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Самсунг (Samsung) ја претстави серијата Galaxy S26 во Македонија: Ера на интелигенција без напор и врвна приватност

Моќен хардвер, водечки во индустријата систем на камери и напредни, интуитивни искуства со вештачка интелигенција наскоро достапни и за корисниците во Македонија

(Видео): Жена е убиена поради институционални слабости – понорот се полни со човечки животи, рече Битиќи

Во општество во кое доминираат дискриминацијата и понижувањето, жените постојано се принудени да докажуваат дека заслужуваат да бидат слушнати, почитувани и заштитени. Тој посочи и на економската нееднаквост со која се соочуваат жените, нагласувајќи дека само околу 38 проценти од жените се вработени, додека 57 проценти се економски неактивни, а кај младите жени стапката на вработеност изнесува 27,6 проценти, наспроти 39,3 проценти кај младите мажи.

To top