Македонија

Мицкоски: Ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер на САД

Јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД, оценува македонскиот премиер

Премиерот Христијан Мицкоски изнесе своја оценка за објавата на Белата куќа на заедничката изјава меѓу САД и Македонија.

Премиерот вели дека изјавата за реципрочна трговија претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД.

„Оваа изјава претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа го трасира патот кон сеопфатен договор, кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15 %, а за одредени производи и индустрии и до 0 %, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.

Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција“, напиша премиерот Мицкоски на „Фејсбук“.

Ова, додава тој, е политика на конкретни резултати, чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници.

Белата куќа на својата официјална веб-страница објави информација за договорот.

Историски договор Македонија – САД: Некои производи со ,,0″ царина

Најнови вести од: Македонија

Обвинителството реагира на барањето на родителите – промената на обвинител не го забавува судењето

Јавното обвинителство реагираше остро на барањето на родителите на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ да се врати обвинителката Ивана Алексова Трајчева на предметот против обвинетите полицајци.

To top