Македонија

Мицкоски: Македонскиот идентитет повеќе нема да биде распродаван!

Следбенците на живковизмот во Бугарија денеска слават што имаат вакви политичари во Македонија, кои сè уште се активни, како луѓето од опозицискиот СДСМ, кои мислат дека на овој начин ќе привлечат некакво внимание

 Коментирајќи ги обвинувањата на опозицискиот СДСМ поврзани со евроинтегративниот процес, премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека македонскиот идентитет нема простор повеќе да биде распродаван.

Додаде дека е убеден дека тие, како што рече, „мекотелни политичари“, кои се дел од мекото ткиво на македонскиот идентитет, по следните парламентарни избори, ќе заминат во историјата и никогаш повеќе нема да ни се повторат.

„ Начинот на кој СДСМ ги гледа евроинтегративните процеси, а тоа е исклучиво распродавање на македонскиот национален идентитет, удар врз ткивото, тоа се, би рекол, мекотелни политики. Тие се мекотелни политичари, тие се мекото ткиво на македонскиот идентитет и на тој начин ја загрозуваат целата онаа стратегија што ние како Влада ја градиме – рече Мицкоски, кој денеска беше во Гази Баба.

Најнови вести од: Македонија

Бугарскиот весник „Мир“ во 1924: Македонците имаат македонска свест и чисто македонска психологија, одделна од српската и бугарската!

Во напис од 1924 година под наслов „Македонска свест“, весникот „Мир“, издаван во Бугарија, сведочи за јасна македонска етничка свест и македонската национална психологија – одделна од српската и бугарската националност.

Пандов:Убијците и силувачите на деца не заслужуваат доживотен затвор, треба да се врати смртната казна!

„Корумпиран полицаец треба да биде лоциран и избркан од работа. Во тој поглед има подобрување: имаме откриено затворски полицајци, што помагаат во шверц. За помалку од две години сме суспендирале сигурно над 30 затворски полицајци. Од нив дел се со обвиненија, а дел се веќе и осудени. Но има одредени затвори каде што тоа сѐ уште е голем проблем.“ – вели Александар Пандов, директорот на Управата за извршување на санкции, во интервју за порталот МКД.мк. Корупција, шверц, „затворски шерифи“ и систем што со години бил запуштен. Што се случува навистина зад решетките во македонските затвори?  Пандов отворено зборува за состојбите во македонските затвори, корупцијата, шверцот и предизвиците во ресоцијализацијата на осудените лица. Тој открива дека системот наследил сериозни проблеми, оти во затворите работеле и поранешни осуденици, но тврди дека тоа веќе го нема и дека се преземаат конкретни чекори за подобрување на затворскиот систем.

To top