Македонија

Мицкоски: Можно е реконструкцијата да биде поголема од една третина од владините функционери

Во гостување во „Отворено студио“ на Македонската телевизија, преммиерот посочи дека реконструкцијата не се прави исклучиво врз основа на постигнатите резултати, туку и поради променетите приоритети на владините коалициски партнери

Во вторник следната недела Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи седница по која ќе бидат познати кадровските решенија и распределбата на ресорите во рамки на најавената реконструкција на Владата, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

Во гостување во „Отворено студио“ на Македонската телевизија, Мицкоски посочи дека реконструкцијата не се прави исклучиво врз основа на постигнатите резултати, туку и поради променетите приоритети на владините коалициски партнери.

„Не се битни само резултатите, дали тие биле добри, недоволно добри или можеби воопшто немало резултати. Понекогаш реконструкцијата се прави затоа што се менуваат приоритетите. Можеби тие приоритети пред две години имале една форма, а денес имаат поинаква“, изјави премиерот и додаде дека е логично коалициски партнери по овие две години да ги искристализираат сопствените приоритети и онаму каде што можат најмногу да придонесат. Мислам дека оваа реконструкција ќе биде токму во тој дух.

„Ќе има промена на ресори и промена на портфолија – рече премиерот.

Мицкоски не откри конкретни имиња ниту кои министерства ќе бидат предмет на промени, потенцирајќи дека станува збор за политички одлуки кои најпрво треба да бидат донесени во рамките на партиските органи.

„Сепак тоа се политички одлуки и на политичко ниво треба да се донесат, па дури потоа да ги операционализираме во рамките на Владата. Во вторник најпрвин треба да помине седницата на Извршниот комитет, па потоа ќе ги соопштиме и ресорите и имињата“.

Осврнувајќи се на работата на Владата во изминатите две години, Мицкоски оцени дека институциите денес функционираат значително подобро отколку во моментот кога неговиот кабинет ја презел власта.

„ Не можам да зборувам само на квалитативна основа што сме очекувале, а што сме постигнале.

Ако ја споредиме состојбата што ја затекнавме со состојбата денес, ќе видиме дека сме многу понапред од тоа што бевме пред две години. И во делот на консолидирањето и во делот на функционирањето на самата институција Влада“, нагласи премиерот.

Мицкоски  порача дека Владата сега е консолидирана и подготвена за нова фаза на реализација на програмските определби.

„ После овие две години конечно сме консолидирани и конечно сме подготвени да забрзаме напред. Очекувам оваа реконструкција и новодефинираните приоритети да ни помогнат уште побрзо да го испорачаме она што сме им го ветиле на граѓаните“, рече премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top