Македонија

Мицкоски на средба со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата ќе оствари средба со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата, информираат од владината прес-служба. Претходно на 5-ти овој месец во Владата се одржа средба со претставници на УПОЗ, по чие завршување претседателот на овој синдикат Трпе Деановски информираше дека Владата го прифатила нивното барање, но, како што истакна, не во целост.

„Зголемувањето ќе биде на неколку години, на 3 рати, по 8 проценти, за жал, не по 10. Не ги добивме минатата година, меѓутоа, еве, Владата прифати да ги исплаќа од сега со почетокот од март преку начин што сите институции од државната управа и правосуството, значи судовите, обвинителствата… ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право“, рече Деановски.

Тој појасни дека за ова да се реализира, треба се спреми текстот на овие колективни договори заедно со претставниците на Владата и Синдикатот. Потоа договорите треба да бидат ставени на гласање пред органите и телата на Синдикатот.

Деановски нагласи дека ако членовите ги прифатат договорите, ќе може веднаш да се продолжи со нивно потпишување. Ако не прифатат, Владата ќе добие наш одговор дека веќе е изгубена една година, а работниците можеби ќе бараат и повисоки износи од она што сега е понудено и ди видиме дали ќе има условување од Владата за откажување од нешто другото“, изјави Деановски.

На 6 февруари од УПОЗ информираа дека за 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ, е прифатлив договорот со Владата зголемување на платите за 40 проценти. По изјаснувањето на сите синдикални организации, Синдикатот на УПОЗ во текот на наредната недела ќе оствари работна средба со претставниците на Владата, на која ќе бидат договорени опфатот и теркот на колективниот договор“, најавија тогаш од УПОЗ.

Претходната средба следуваше откога премиерот даде понуда за раст на платите за која УПОЗ потврди дека е прифатлива и дека дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.


Најнови вести од: Македонија

Кајмакоски бил киднапиран во Белград, му барале откуп од 20 илјади евра?! – Драматична потера на полицијата по киднаперите!

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски бил киднапиран во текот на ноќта во близина на „Бетон хала“ во Белград, објави српскиот портал Блиц и уште десетици меидуми од таа земја. Според информациите на медиумите, непознати сторители, по кои сè уште се трага, присилно го внеле пејачот во автомобил, барајќи откуп во износ од 20.000 евра. Пејачот бил […]

Заев се јави, ем ги „демантира лагите на ВМРО ДПМНЕ“ за „режираната драма за медицински канабис“ – запленета не во кила, туку во тони!

„Веќе пет години сум надвор од политиката, откако поднесов оставка од сите политички и државни функции. Пет години, речиси секој ден откако заминав, партијата ВМРО-ДПМНЕ, нејзиното раководство, нивните портпароли и медиуми не престануваат да се занимаваат со мене, ширејќи континуирани лаги, клевети и навреди.“ – објави утринава Зоран Заев на својот фејсбук-профил во врска со, како што вели, „медицинскиот канабис“, а кој им беше пронајден и запленет и тоа не со килограми туку со десеттици тони, и тоа над 40 тони!

Ковачки: Полураспаднатата СДС ѝ прави штета на Македонија со своите лаги и манипулации!

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание Драган Ковачки, вчеравечер во „Тема на денот“ на Сител телевизија одговори на лиферуваните лаги и манипулации со клевети изнесени во јавноста од страна на опозициската СДС, која тој ја оцени како полураспадната партија и едновремено изнесе во со јавноста дека го поседува највисокиот национален безбедносен сертификат – државна тајна, кој патем е издаден во времето на СДС и ДУИ.

Најнови вести

To top