Македонија

Мицкоски најави зголемување на пензиите: од септември редовно усогласување, се пресметува точниот износ

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот.

– Да, тоа ќе биде редовно усогласување, нивелирање во согласност со законот. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци, во заднина охрабрени од политички партии, пред Уставниот суд да поведат тема за линеарното зголемување на пензиите. За да ги заштитиме пензионерите и пензиите, понатаму зголемувањето ќе биде во соодветство со усогласувањата предвидени со законот – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Според Мицкоски, износот на зголемувањето на пензиите сè уште се пресметува. – Не, не се знае. Се пресметува, ќе се знае многу бргу – изјави премиерот.

Пензиите се усогласуваат двапати годишно, на 1 март и на 1 септември, а во пресметката во согласност со законот еднакво учествуваат порастот на просечно исплатената плата и порастот на трошоците на живот.

Во изминатите две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари.

Најнови вести од: Македонија

Топлификација пријатно ќе ги изненади корисниците

Од утре, 13 октомври 2026 година, започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системите за централно греење во Скопје, со кои управува АД ЕСМ преку ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и Подружница „Енергетика“

И Ива Михаилова замина на „лекување“ во Бугарија

Жителката на Кочани со македонско и бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка со смртни последици, ја напуштила земјава заедно со својот адвокат и заминала за Бугарија, иако во рамки на постапката, како мерка на претпазливост ѝ се одземени личните документи

БИО ЕНТЕРПРАЈЗ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД „МАКПРОГРЕС“ ЗА ПОМОШТА ПРИ ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ВИНЧИНИ”

Био Ентерпрајз, компанија од групацијата ФЕРО ИНВЕСТ / ЦЕНТРАЛ ИНВЕСТ, доби плакета за благодарност од „Макпрогрес“ за помошта што ја обезбеди при големиот пожар кој пред една година зафати дел од фабриката на македонскиот бренд „Винчини“ во Виница.

To top