Македонија

Мицкоски: Јовановиќ призна дека СДСМ и ДУИ тројно го зголемија долгот, за кој плаќаме камати од 350 милиони евра

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање како го коментира интервјуто на Бранимир Јовановиќ, поранешен висок функционер од СДСМ, каде што признава дека поранешната влада на СДСМ и ДУИ ѝ оставила долг на оваа Влада, за кој до денес се плаќаат камати, рече дека тој сам признал дека додека на власт била владата на СДСМ и ДУИ за трипати ги имаат зголемено долговите и обврските кои сега оваа Влада ги плаќа.

-„ Дадено е интервју пред некој ден за медиум кој што важи за близок до опозицијата, во која што советникот вели вака: Кога дојдовме ние во Министерството за финансии, заедно со тогашниот министер Тевдовски, каматите што ги плаќавме на долгот беа 120 милиони евра, a во 2026 година, каматите што оваа Влада ги плаќа се 350 милиони евра. Значи, самиот тој признава дека за трипати го зголемиле долгот и обврските на оваа Влада. То е нешто што претставува признание на отворена сцена од страна на поранешен висок функционер на владата на СДСМ и ДУИ, кој што претходно беше во политичката партија Левица, па како голем финансиски експерт беше дел од тимот на министерот Тевдовски.“ – рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека Јовановиќ на отворена сцена признава дека 2017 споредено со 2026 година е три спрема еден во делот на каматите, а тоа е, како што вели, „долгот што го оставила тогашната влада – владата на СДСМ и ДУИ, и долгот што го плаќа оваа Влада, која што го наследи од владата на СДСМ и ДУИ“.

-​ Тука нема да навлегувам во егзибициите на нивната фискална политика кога стануваше збор за прогресивните даноци, кога ја уништија буквално македонската економија. Нема да зборувам на темата солидарен данок кој што ние го враќаме, а кој што тие буквално го ограбија од македонската економија. Еве тоа ќе го оставам на страна, тие се тие марихуана економски политики – рече Мицкоски.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кина гради дури 90 дата центри во град со два милиона жители

Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.

ММФ: Македонија со раст на БДП од 3,5%, инфлација од 4%

Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

To top