Ја слушав онаа прес конференција на пратеници во македонското Собрание каде што имаше две тези , кои се бесмислици. Тие покажуваат непознавање. Тоа не е фабрика за јужно овошје, или компанија за јужно овошје и да тргуваат со стари вакцини, или да горат модуларни болници. Тука се експерти. Но, кога станува збор за економијата, само арамилам им се во нивната политичка матрица!“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките на опозицијата околу јавниот долг.
„Но, каква е вистината и каква е реалноста?! Првата теза беше зошто не биле запишани заемите кои Државното јавно претпријатие за државни патишта ги зема. Тие не влегуваат во јавниот долг и тоа треба да го знаат затоа што има Закон за јавен долг и тие заеми се рамковни, односно во зависност од тоа како се напредува на терен и како се завршуваат работите и така се испорачуваат фактури и така се повлекуваат заеми и така се плаќаат“, појасни премиерот Мицкоски и продолжи:
„Втората теза, зошто онаа одлука на владата од 31 август за задолжување на Меѓународниот пазар не била предвидена во ребалансот на буџетот, затоа што таа е да се издаде Еврообврзница во следната година за да можеме да ги вратиме нивните долгови кои што го крадеа народот и ги празнеа буквално институциите и министерствата. За да можеме да ја вратиме обврзницата која што тие ја земаа во корона кризата за да можат да горат модуларни болници, за да можат да набавуваат стари вакцини, а притоа граѓаните да бидат на дното според превенцијата, на врвот по број на жртви за време на корона кризата“.
„Ете таа опозиција денеска ја имаме во Македонија. Значи, бандитска опозиција која што продолжува да биде континуитет на бандитска власт, во периодорт, кога СДСМ и ДУИ беа Влада во Македонија“, заклучи Мицкоски во однос на изнесените тези од страна опозицијата за долгот на државата.