Македонија

Мицкоски: Стрпете се – ќе има реконструкција на Влада

За кадровските решенија и обемот на реконструкцијата, како што најави, ќе се говори веднаш по партискиот роденден нба 17-ти што ќе се одржи во Срумица

Најавената реконструкција на Владата ќе почека в среда да помине прославата на партискиот роденден на владејачката партија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска уште еднаш потенцираше дека во моментов тој лично, како и партијата што ја предводи, се целосно насочени кон одбележувањето на 36. роденден на ВМРО-ДПМНЕ.

Прославата по овој повод ќе се одржи на Градскиот стадион во Струмица, на 17 јуни со почеток во 20 часот.

Премиерот истакна дека во овој момент не би сакал да навлегува во детали околу тоа колку ресори ќе претрпат измени, туку претпочита да се задржи на суштината на најавените промени. За кадровските решенија и обемот на реконструкцијата, како што најави, ќе се говори веднаш по партискиот роденден.

„Веќе од следниот ден ќе почнеме разговори со владините партнери околу реконструкцијата. Но, повторно ќе кажам, повеќе би се задржал на содржината отколку на обемот на реконструкцијата. Бидете трпеливи. Станува збор за денови. Да ги отпочнеме разговорите, а потоа ќе можеме да зборуваме и за повеќе детали“,рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по свеченото отворање на фабриката „Бреинчајлд“ во Битола.

Мицкоски и минатата недела најави дека овие денови ќе почнат разговорите со коалиционите партнери со кои, како што рече, прво ќе треба да се види дали имаат поклопување на визиите.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top