Македонија

Мицкоски за „грчката интервенција“ околу името Македонија во говорот на Меланија Трамп: Невозможно е некој дипломатски претставник однадвор да ѝ го рецензира!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли како неосновани наводите во дел од грчките медиуми дека нивниот амбасадор во САД интервенирал во говорот на првата дама на САД, оценувајќи дека такво нешто е практично невозможно и оти претставува обид за медиумска манипулација.

„Јас го прочитав тој натпис во медиумите кај нашиот јужен сосед, претпоставувам дека дипломатски е изворот. Зарем некој може да верува дека говорот на Првата дама на Соединетите Американски Држави пред таа да го каже во јавност оди на рецензија кај некој дипломатски претставник? Јас не верувам во тоа. Односно, ако тоа се случило, тогаш Соединетите Американски Држави имаат сериозен безбедносен проблем во безбедносниот протокол. А тоа што претпоставувам, некои од дипломатите на некоја амбасада сакаат да бидат интересни, можеби за медиумите, па тоа го претставуваат како, не знам каков дипломатски успех или нешто слично, тоа е друга тема. Но, верувајте, од моето искуство, многу тешко да не речам невозможно е да некој надворешен дојде до говор на Првата дама на Соединетите Американски Држави пред таа да го соопшти на јавноста. Тие што ова го смислиле, направиле неуспешна игра на себе“, изјави Мицкоски.


Kaко што пренесуваат грчките медиуми, „сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија планирала да го употреби името Македонија, по што Грција реагирала“.

Дел од грчките медиуми пренесуваат дека се очекувало Меланија Трамп да ѝ се обрати на сопругата на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, користејќи ја фразата „ја поздравуваме Македонија“, во присуство на гости од 45 земји. Сепак, грчкиот амбасадор во САД, Антонис Александридис, „бил информиран однапред за говорот“ и  наводно „презел соодветни дипломатски чекори за да не се случи тоа“, пренесува Greek reporter. 

Најнови вести од: Македонија

Скопјанецот Б.Л. (46) фатен зад волан со рекордни 4,01 промили алкохол! Удрил во две паркирани возила, а неговото му е одземено!

Ако не за светски „Гинис“, тогаш сигурно е за балкански и европски „Гинис“: МВР соопшти за скопјанецот, уапсен, оти возел со рекордни 4.01 промили алкохол во крвта! Притоа, удрил во две паркирани возила.

Савески: Ќе се постапува за секој предмет, за кој има законска основа

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески нагласи дека никогаш нема да коментира ничија изјава, посочувајќи дека дека првото нешто, што го направил откога е на функцијата, е средба со јавните обвинители во Државното јавно обвинителство. Тој најави дека планира средби и со сите јавни обвинители, односно во подрачја на вишите јавни обвинителства, кои се четири, па потоа и со основните обвинителства.

To top