Македонија

Младите го преполнија Охрид: вака изгледаше градот во 03 часот изутрината

Видео

Screenshot

Охрид деновиве живее со полн интензитет. Градот пулсира 24 часа, речиси и да нема слободно сместување, а илјадници туристи ги исполнуваат улиците до раните утрински часови.

По завршувањето на концертите и журките, најголемиот метеж се сели кај сендвичарите, киосците за брза храна, на кејот, плоштадот и низ централното градско подрачје, каде посетителите остануваат до зори.

Никогаш повеќе Горица и Парк – Егоизмот на ,,Парк” ги брка туристите од Охрид

Поради големиот број посетители, низ градот има засилено полициско присуство. Полициски патроли можат да се забележат на бројни локации, а службениците спроведуваат контроли со цел одржување на јавниот ред и безбедноста.

 

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top