Македонија

„Мотoцентар“ и „Nokian Tyres“ ги претставија најновите зимски пневматици

Преку зимското портфолио на „Nokian Tyres“, „Мотоцентар“ носи исклучителна безбедност, унапредени перформанси и финска иновација за македонските возачи.

Во соработка со финскиот гигант „Nokian Tyres“, компанијата „Мотоцентар“ ги претстави најновите модели пневматици за претстојната сезона од овој етаблиран бренд. На настанот кој се одржа денес, во ресторанот „Park by Ragusa Group“ присуствуваа партнери, соработници и медиуми, а презентацијата ја водеа претставниците од европскиот тим на „Nokian Tyres“, Ведран Грубишиќ (Vedran Grubišić), Менаџер за продажба за Балканот и Јан Гаврон (Jan Gawron), Tехнички продукт-менаџер за Централна Европа, заедно со менаџментот на „Мотоцентар“.

Како пионер и иноватор кој ја креирал првата зимска гума во светот пред повеќе од 90 години (во 1934 година), „Nokian Tyres“ ја потврди својата лидерска позиција во развојот на премиум пневматици кои обезбедуваат максимална безбедност, одржливост и предвидливост во најпредизвикувачките зимски услови. Посебен акцент за време на презентацијата беше ставен на новиот премиум зимски модел Nokian Tyres Snowproof 3P: пневматик со исклучително висок перформанс кој се одликува со Alpine Performance 3.0 концепт за напредно управување; нов дизајн на шарата со три зони (Triple Zone Tread) за максимално прилепување на снег и мраз; како и „Performance Bead Rings“ – специјални прстени за лежиште на пневматикот за зголемена стабилност при ненадејни маневри на патот. Дополнително, овој модел нуди врвна заштита за бандажите од удари (Large Rim Protector), совршено управување на сув и влажен коловоз и значително намалено ниво на бучава за максимална удобност при возењето.

Како дел од иновациите низ портфолиото на „Nokian Tyres“ беа истакнати и:

  • SilentDrive™: технологија за апсорпција на звукот за значително потивко и поудобно возење.
  • Aramid Strong Sidewalls: зајакнати странични ѕидови на пневматиците, со арамид, екстремно силно, вештачко синтетичко влакно, за максимална издржливост и заштита од удари и оштетувања (достапна на модели од 17” и поголеми).
  • Electric Fit™: сертификација дека сите нови модели се соодветни за користење и кај електричните и хибридните возила.

  • „Нашата соработка со ’Nokian Tyres’ е резултат на долгорочната посветеност на ‘Мотоцентар’ на македонскиот пазар да му понуди исклучиво докажан квалитет и премиум производи. Како компанија со над 30 години традиција, 10 продажно-сервисни центри и повеќе од 160 вработени низ Македонија, горди сме што на возачите им ги ставаме на располагање најнапредните зимски пневматици од пионерот во оваа индустрија, овозможувајќи им максимална безбедност и безгрижно возење во сите временски услови“, истакна Горан Гроздоски, Генерален Директор на „Мотоцентар“.

  • „Финското наследство и повеќе од еден век иновации се нашата најголема гаранција за квалитет. Преку нашиот сопствен центар за тестирање ‘White Hell’ во Лапонија, гарантираме дека секој пневматик од серијата ’Snowproof’ нуди врвен ’grip’ (прилепување на пневматикот на подлогата) за бескомпромисно управување и кочење на возилото на снег и мраз. Исклучително ни е драго што преку нашиот долгогодишен и докажан партнер ‘Мотоцентар’ ги носиме овие премиум технологии поблиску до возачите во Македонија“, изјави Ведран Грубишиќ, Менаџер за продажба за Балканот во „Nokian Tyres“.

По официјалната презентација, присутните гости имаа можност одблизу да се запознаат со изложените модели на гуми и нивните технички карактеристики. За сите заинтересирани, новите модели на „Nokian Tyres“ се веќе достапни во продажно-сервисната мрежа на „Мотоцентар“ ширум државата.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

To top