Македонија

Му побарал 300.000 евра за да не го убие, Роберт Хот пријавил во полиција

Изнудувач бил уапсен во канцеларија на познат скопски бизнисмен

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради сомнение дека изнудувал 300.000 евра од Роберт Хот, на кого му се заканувал со ликвидација доколку не ја исплати бараната сума, дознава Плусинфо.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи пишува порталот, оштетениот Роберт Хот пријавил дека непознато лице со сериозни закани по неговиот живот бара огромна сума пари. Полицијата веднаш постапила и во координација со Основното јавно обвинителство – Скопје започнала тајна акција за спречување на изнудата.

На 8 октомври 2025 година, во рамките на полициските активности, од оштетениот биле привремено одземени 20.000 евра во различни апоени, кои биле крим-технички обработени заради идентификација. По утврдување на нивната оригиналност, парите му биле вратени на Хот, за да ги предаде на сторителот кој требало да ги земе следниот ден во неговата канцеларија.

На 9 октомври, при самото примопредавање на парите, полициските службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршиле заседа и го уапсиле осомничениот Сологуб. Кај него биле пронајдени обработените 20.000 евра и патна исправа на Република Босна и Херцеговина.

Лицето е задржано за понатамошна постапка, а полицијата и обвинителството продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот и утврдување на евентуални соучесници.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top