Македонија

Муцунски: Брисел иницира средба Македонија-Бугарија, за нас е важно да запрат нашите отстапки за идентитетот, јазикот, историјата

Во текот на декември имаше сериозни иницијативи од неколку поголеми и повлијателни земји членки на ЕУ заедо со раководството на ЕУ за организирање средба помеѓу мене и мојот колега Георгиев. Членки на ЕУ го поздравиле Акцискиот план за заштита на малцинствата. Како Влада бевме прашани да предложиме неколку датуми, ние рековме определете го датумот, но од Софија немаше позитивен одек. Деновиве повторно од Брисел има иницијатива за организирање средба, изјави министерот за надворешни работи и наворешна трговија Тимчо Муцунски во телевизиско гостување.

Муцунски вели дека од Брисел деновиве повторно има иницијатива за организирање средба со Бугарија за откочување на евронтеграциите на Македонија. Тој вечерва во гостување на ТВ Сител рече дека фокусот во евроинтеграциите на прв план го ставаме на домашните реформи и оти има задоволство и од Брисел, при што посочи дека Акцискиот план за заштита на малцинствата беше поздравен од неколку земји членки. Но, нагласи, недостасува дијалог за наоѓање решение за најкомплексниот проблем.

– Во текот на декември имаше сериозни иницијативи од неколку поголеми и повлијателни земји членки на ЕУ заедо со раководството на ЕУ за организирање средба помеѓу мене и мојот колега Георгиев. Како Влада бевме прашани да предложиме неколку датуми, ние рековме определете го датумот, но за жал од страна на Софија немаше позитивен фидбек. Деновиве повторно од Брисел има иницијатива за организирање средба. Повторно, на располагање сме кога другата страна ќе биде подготвена да ги размениме нашите аргументи да ги кажеме нашите објективни грижи, нашиот страв дека повторно и да се донесат уставните измени нашата држава ќе биде ставена во иста позиција заради прашања поврзани со идентитет, историја и јазик. Да ги кажеме нашите грижи за непримената на пресудите на Меѓународниот суд за човекови права од страна на соседна Бугарија, да дискутираме како соседи кои што во последните месеци, на пример на Коридорт 8 дека можеме да постигнеме успех доколку сакаме – рече Муцунски.

За решение, дополни, се потребни двајца, добра верба и да се дискутира во духот на европските вредности. Нашата Влада е подготвена и денес и утре и кој било ден да има таква дискусија, независно од тоа кој ќе биде резултат на изборите во Софија.

– Кога дискутираме со претставниците на земјите членки на ЕУ, на ЕК, секогаш има обид да се најде некое решение. За жал, не можам тие идеи да ги споделам сега со јавноста бидејќи во истиот момент ќе бидат отфрени. Постојат повеќе идеи. Граѓаните треба да знаат дека за нас се клучни неколку фудаментални прашања, Прво да се стави крај на нашите национални отстапки, не само кон Бугарија туку кон која било држава, а кои задираат кон нашите идентитетски обележја – јазикот, културата, историјата. Исто така наше очекување е дека македонските национални малцинства кои живеат надор од нашите граници, посебно тие во земјите членки на ЕУ, ќе добијат европски третман – рече Муцунски.

Тој оцени дека за жал можеби заради изборниот процес во Бугарија „видовме некоректен пристап кон Акцискиот план за малцинства“. – Софија се однесува како што се однесува, ние треба да се фокусираме на домашните реформи, да го европеизираме нашето општество, да ги исполнуваме меѓународните обврси и истовремено да бидеме проактивен чинител во изнаоѓање решение, рече Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

(Видео): Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните ја платија цената, рече Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција порача дека со денешната најава на премиерот Мицкоски за намалување на акцизата, владата призна дека СДСМ бил во право, но предоцна се реагира.

(Видео): Инфлацијата се движи помеѓу 4% и 5%, ребалансот на Буџетот ќе се носи еден месец порано, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлацијата во земјава да се движи меѓу 4 и 5 проценти, нагласувајќи дека владините мерки имаат за цел да спречат повторување на ценовниот шок од 2022 година.

(Видео): Образовен институт регистиран во обложувалница, работел со два душека и две столчиња, рече Јаневска

Станува збор за институции кои досега имале право да издаваат дипломи признати и во државата и во странство, што според Јаневска, отвора сериозни прашања за квалитетот и легитимноста на високото образование.

Медиумите одговараат пред публиката, а не пред партиите – остро реагира ЗНМ по соопштението на СДСМ

Опозициската СДСМ преку соопштение со наслов „Зар и ти сине Мечка?“ остро реагираше на, како што велат, „пресвртот“ во уредувачката политика на порталот Инфомакс и „Мечка“. Од партијата упатија критики и кон новинарот Александар Митовски, обвинувајќи дека медиумот започнал со напади кон нив и кон претседателот Венко Филипче.

To top