Македонија

Муцунски: “Коридорот 8” е доказ дека може да соработуваме со Бугарија

Тој потсети дека во моментот во соседна Бугарија тече изборен процес, па треба да се внимава на изјавите и на поставеноста

„Сакаме да одржуваме активна комуникација и континуиран ангажман со Софија, а доказ за тоа е проектот Коридор 8. Исто така, имаме конкретна комуникација со Европска Унија. Една од темите за кои разговаравме со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Минхен беше процесот на потенцијално изнаоѓање решение со соседна Бугарија, и тоа е нешто на што ќе продолжиме да работиме, но во рамките на јасно дефинираните принципи“, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски пред Македонско-словачкиот бизнис-форум.

– Вчера присуствував на настан во Тирана посветен на Коридорот 8, каде двете страни преземаат опипливи мерки за реализација на проектот. Исто така, укажавме дека западниот сегмент во Албанија треба да се забрза и забележуваме позитивни сигнали од Албанија во последно време, што е за поздравување, бидејќи Коридорот 8 нема да биде целосен без придонесот на Албанија – не само од аспект на патната и железничката инфраструктура, туку и во енергетиката и други комплементарни прашања. Зошто го споменувам Коридорот 8? Бидејќи тој е доказ дека со соседна Бугарија можеме да соработуваме кога постои волја, нагласи Муцунски.

Тој потсети дека во моментот во соседна Бугарија тече изборен процес, па треба да се внимава на изјавите и на поставеноста, бидејќи Македонија нема интерес да биде дел од изборната реторика во соседната држава.

– Секој што се обидува да нè вклучи во изборната реторика во Бугарија не покажува про-ЕУ вредности. Ова го забележуваме и од одредени фактори во соседната држава, а, искрено, понекогаш и од одредени политички фактори тука, додаде Муцунски.

Тој потврди дека по ова прашање се води и конкретна комуникација со Европската Унија.

– Пред неколку дена присуствував во Минхен на средба на премиерот Мицкоски со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, каде една од темите беше потенцијалното изнаоѓање решение со соседна Бугарија. Тоа е процес на кој ќе работиме, но секогаш во рамките на јасно утврдените принципи, истакна Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната преобразба и технолошкиот развој – стратегиски приоритети на Владата на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска заедно со владина делегација во состав на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, Главен извршен директор на […]

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

Најнови вести

To top