Македонија

Муцунски: Нема повеќе отстапки без резултати во евроинтеграциите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Собранието истакна дека Владата води кредибилна и одговорна надворешна политика, фокусирана на заштита на националните интереси и достоинството на државата.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Собранието истакна дека Владата води кредибилна и одговорна надворешна политика, фокусирана на заштита на националните интереси и достоинството на државата.

Одговарајќи на пратеничко прашање за евроинтеграциите, Муцунски порача дека „нема повеќе отстапки и попустливост што не вродуваат со резултати“. Тој ја оцени како разумна и оправдана позицијата на Владата да бара дополнителни гаранции и предвидливост во европскиот процес.

„Не е точно дека од државата се бараат само уставни измени. Суштинскиот проблем произлегува од непромислените решенија од 2022 година“, рече министерот.

Муцунски потсети дека во изминатиот период се постигнати значајни резултати, меѓу кои:

  • Македонија стана прва држава во регионот што потпиша Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија;
  • Потпишани се договори за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, Унгарија и Хрватска;
  • Државата била прва во Европа што одржала стратешки дијалог со Соединетите Американски Држави во Вашингтон;
  • Македонија е прва во регионот според исплатата на средства од Планот за раст на ЕУ.

„Водиме кредибилна надворешна политика, но истовремено и надворешна политика што стои во заштита на нашето национално достоинство и национален интерес“, заклучи министерот Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

To top